Sunday, 3 July 2022

Протестен бал

Протест кој по сите најави треба да биде будењето на македонскиот народ а всушност се покажа колку тој народ е мртов, наместо протест добивме протестен бал, прошетка низ улиците на Скопје  во кој во преспивна атмосфера се бранеше македонскиот идентиет.


Самиот "протест" беше толку "тензичен" што можеше да заспиеш дур си дел од него, никаква напнатост, адренлин, понапнати се натпреварите во трета македонска фудбалска лига отколку овој протест кој беше најавен како будење на народот.


Се појасно дека самиот протест е своевиден театар, за давање на лажна слика на Македонецот дека тој се бори за нешто, после зимскиот сон во кој се изгуби се што има во државата денес Македонциве ќе се будат и ќе прават протестни балови во кои ќе изкажуваат револт.


Револт се искажува во протести во кои има енергија, адреналин, кои се а ивица на инцидент и има инциденти , протести во кои во секој момент си во неивезност зошто немаш претстава што следува, а на приспивниот бал тоа го немаше.


Македонецот за да може да се бори прво треба да се спознае самиот себе, да расчисти со историските фалсификати, да го спознае својот прав непријател и дури тогаш тој ќе биде спремен за борба, до тогаш ќе бидеме дел од приспивни балови организирани од страна на опозицијата.






No comments:

Post a Comment