Saturday, 23 July 2022

Јаболкото на раздорот

 Во Македонија веќе 30 години има огромен проблем а тоа е немање на силна национална политичка опција која ќе ја брани државата и нема да дозволува да се случуваат серија на предаства, нема да дозволи државата да биде распродавана, да биде на колена , нормално се поставува прашањето зошто Македонија е доведена да нема ваква здрава политичка опција, дали поради тоа што македнонскиот народ е неспособен или поради нешто друго.


Јаболкото на раздорот помеѓу Македонците е фалсификуваната историја која ја изучуваме во нашите учебници по историја , со посебен акцент на периодот од ВСВ и периодот меѓу двете светски војни, како и лажната претстава за "братоубисветни" војни за ПСВ и за внатрешната битка во македонското револуционерно движење што доведува до внатрешен судир меѓу луѓето кои читаат, се надоградуваат и се борат против оние кои слепо веруваат на својaта "национална историја" и се борат, но не се надоградуваат и не истражуваат туку слепо веруваат на тоа што го училе во училиштата.



Во цел нормален свет токму различните сфаќања за борбата и како таа треба да се води завршуваат поради тоа што сите нив ги обединува историјата освен во Македонија каде што иако сите имаат исти погледи за тоа како треба државата да биде водена и кои се внатрешните непријатели до такво обединување не доаѓа токму поради историографијата која ја имаме, онаа која била и онаа која комунистите ја фалсификувале свесно за да доведат до поделби и внатрешна нетрпеливост помеѓу Македонците.


Уште од самиот старт на блогот пишував на темата УДБАШКИ НАЦИОНАЛИЗАМ со кои тие успешно пенетрираат и го умртвуваат македонскиот национализам и го прават негово недоносче, сепак македонските националисти треба да се разбудат што порано и да сфатат дека вака повеќе не бива.



Дискусиите за историските прашања се потребни но во моментот поради преголемо дикустирање на историја самите стануваме историја, нацијата се иселува, биолошки изумираме, со вакво темпо за 50 години Македонците без разлика што подразибраме под тоа ќе бидат мртви, нема да постојат а оваа територија ќе биде своевидна пустина од типот на Сахара во срцето на Европа, во срцето на човековата цивилизација.


Време е да се разбудиме, да го пресечеме тоа јаболко на раздорот вметнато од комунистите како кукавичко јајце помеѓу нас и да се избориме да си го спасиме народот, државата, татковината.




No comments:

Post a Comment