Saturday, 16 July 2022

Миграциите (ќе) ја погребаа(т) Македонија

 Една тема која никогаш не се дискутирала отворено а можеби е најголемата причина поради која Македонија како држава дојде до оваа ситуација во која се наоаѓа денес се миграционите движења кои однесоа судбоносна одлука за иднината на македонската држава.


Кога ги согледуваме миграциите и како тие доведоа до тоа што сме денес се одвојуваат три брана миграции, од кои секоја ќе се анализира кратко соодветно посебно една од друга.



Првиот бран на миграции е тој кој настанува за време на комунизмот во Македонија кој е од внатрешен карактер, односно масовната миграција која ја наметнаа комунистите село-град, при што голем број села тотално се запустија нешто што не се случило ни под османлинско време, цели села се иселија масовно во градовите, а повеќето села доживеаа невиден тренд на намаление на насалението по кое никогаш повеќе не беа во можност да се опорават.


Селото одсекогаш било срцето на Македонецот, селското стопанство, земјоделието, беа крвотокот на Македонија,  храбрите машки деца израстени во селата секогаш беа тие кои го носеа револтот и бунтовниот карактер на Македонецот, со самото иселување и запустување на села се сече и коренот на македонскиот непокор.


Селата беа синоним на многудетни македонски семејства кои секогаш ја оддржуваше Македонија жива со население, со запустувањата на селата изумреа и многудетните македонски семејства со што поголемиот дел од македонските семејства од просек 5-8 деца паднаа на семејства од 1-2 деца во градските средини.


Во времето на комунизмот треба да се забележи уште еден бран на миграции а тоа е масовното иселување на етничките Турци кои беа лојални на македонската држава поради присилната колетивизација а на нивно место се населија муслимани од други етнички заедници, Албанци од Косово кои беа антимакедонски насторени и санџаклии или по ново бошњанци кои претежно се поблиски до Албанците отколку до Македонците, со тоа задавајќи го првиот посериозен етнички дисбаланс, иселени македонски села со намалување на многудетните македонски семејства од една страна и населување на Албанци и Санџаклии кои со себе ја продолжија традицијата на многудетни семејства на село.


Вториот и судбоносен бран кој ја доведе Македонија во незавидна положба благодарејќи на предваничката власт е бранот на населување на етнички Албанци од Косово во државата , прво со доделување на 150 000 македонски државјанста на косоварите за да се избере претседател, а вториот бран во оваа фаза после воениот конфликт помеѓу Србите и Албанците на Косово каде за да не бидат буквално истребани тие се населуваат во Македонија по што бројот на етнички Албанци во Македонија се дуплира и засекогаш се менува етничката карта на Македонија на негативна страна на Македонците.


Со населувањето и давањето на државјанства на оваа групација на Албанци покрај промената на етничката мапа добивме и војна во 2001, постојано меѓуетнички тензии, два потенцијални воени конфликти кои беа задушени од самиот старт 2007 и 2015, редифинирање на македонската државност и внатрешно присилно мигрирање на Македонците од своите родни огништа каде што беа иселени од страна на терористите од УЧК.



Третиот бран е бран во кој живееме денес, а тоа е кога Македонецот ја напушта Македонија за да живее во државите ширум Европа продавајќи го својот работен труд како роб, поробувајќи се на западните европски земји, некопентентен и способен за борба за спас на својот дом, својата таковина, Македонецот кој е кукавица да се бори реши да го продаде својот труд како модерен роб на западните сили при што тој ќе работи работни задачи кои се дното и во нормални држави ги работат циганите, живеејќи цигански живот а за возврат ќе добијат трошки односно финансиски надомест помал од тој што е реален за стандардот на овие земји но тој ќе биде задоволен бидејќи е со ропски менталитет и ќе има доволно за крпен живот подобар од оној кој го има во сопствената држава која тој дозволи да му биде окупирана со својот нихилизам и кукавичлук.


На крајот јасно може да се забележи дека токму миграциите ќе бидат од одлучувачки фактор за можниот потенцијален крај на македонската држава и Македонија и нејзиното можно федерализирање или поделба која би значело нејзин крај на онаква каква што ја познававме и за каква се боревме целиот наш живот. 






No comments:

Post a Comment