Wednesday, 20 July 2022

Слуга на лагата или војник на вистината ?

Уште со самото наше раѓање, растење и созревање како личност, ние се соочуваме меѓу одбирање помеѓу два пата по кои ќе тргнеме во животот, едниов е удобен и лесен а тој е на лагата, а другиот е  суров и трнлив на вистината.


Поголемиот дел од луѓето на жал се склони да го избeрат полесниот пат, оној пат кој ќе им дава илузии без притоа да стигнат до некоја цел, за разлика од нас малкумината кои сме се решиле да одиме по потешкиот пат, но пат кој на крајот од него има јасна цел.


Одејќи по патот на лагата ние си создаваме свет на илузии во кои ние удобно,  се убедуваме самите себе дека се околу нас е убаво и идеално, но еден ден светот кој се гради одејќи по овој пат се руши како кула од карти, соборувајќи не цврсто на земја, кршејќи не ментално и духовно.


Кога одиме по патот на вистината, ние секојдневно ќе имаме постојани препреки, постојани цврсти удари кои ќе мораме да ги истрпиме, но светот кој го макотрпно  градиме по тој пат е цврст и несрушлив, а ние никогаш нема да треснеме на земја, туку цврсто ќе стоиме на нога во секоја ситуација.



Одбирајќи ја лагата, ние стануваме слуги, служиме на нашите желби и страсти, притоа несвесни дека тие во поголем дел се неостварливи, дека тие не рушат додека вистината  не ослободува и не прави непобедливи.

(дел напишан во 2019)


Од самиот старт на нашето постоeње не учат дека тоа што треба да го сакаме и вреднуваме е вистината, поминуваме години во образовен систем во кои не учат што е тоа вистина, од клупите во училиште, медиумите, околината, но како созреваме, како доаѓаме до зрели години каде што може да размислуваме и да си поставуваме самите на себе прашања, да се преиспитуваме за нештата кои сме ги спознале и научиле и во многу од нив ќе најдеме големи нелогичности , ќе сфатиме дека на жал сме биле манипулирани и сме верувале во лаги кои ни биле претставени како вистина.

Тогаш започнува вистинскиот пламен кој се пали во нас, тогаш се одбира еден од двата пата, дали ќе продолжиме да служиме на лагите со кои сме воспитани или ќе се бориме, ќе се надоградуваме, ќе истражуваме и ќе ја спознаеме вистината и ќе станеме нејзини воини.

Кога средината ќе не препознае како воини на вистината а таа сеуште верува во своите лаги кон нас ќе оствари стравична омраза, ќе бидеме етикетирани, тоа ќе не стави во многу незгодни ситуации, многу пати ќе се прашуваме дали треба да се оди до крај, дали може со одредена лага да се направи компромис за лично на нас да ни биде комфорно и да не го носиме крстот на омразата наметнат од средината во која живееме.

Но секој компромис и со една лага, дури таа да е најмалата веќе нас не поставува да биде исти како останатите, еден компромис значи крај на борбата за вистината,бидејќи таа е една и не се менува според тоа како нас ни одговара за полесно да го живееме животот, еден компромис значи идеолошко отстранување и предавање на вистината, а предаството во борбата за неа е недозволиво, но дури во моменти на слабост да се направи тоа секогаш имаме шанса да се вратиме на исправниот пат.


Едно е сигурно патот на воинот на вистината не е ниту малку лесен, но тој е единствен достоен пат кој носи преродба на општеството и спас на државата и нацијата.



No comments:

Post a Comment