Monday, 26 November 2018

Дали треба да ја обвинуваме државата за нашиот неуспех ?

Една од најболните рак рани на нашето општество е мислењето на младите дека државата е виновна за ситуацијата во која се наоѓаат и за нивниот лош живот.

За лошото образование, лошото здраство, немањето соодветно платена работа, немање солиден ноќен живот, забава, занимации кои ќе го пополнат слободното му време и.т.н.

Донекаде оваа константација би била точна, но доколку не се погледне и другата страна не медалот.

Најважно од се, државата е народот, односно каков народ, таква држава.

Доколку нешто не чини во државата тогаш твоја должност е да почнеш борба во која ќе се исправиш против проблемот и ќе го побдиш.

Кај нас на жал нема никакви активности во тој правец, многу полесно е да се мрмори, да се барат изговори, отколку некој да се избори за подобар живот во државата во која живее.

Законите кои се носат во парламентот кои директно влијаат на нашите животи ги донесуваат пратениците кои си ги избрал, кога се носат закони во корист на политикантите и нивните користи, протестот е задолжителен и ти треба да си таму, кога излегуваш на избори треба да гласаш најсоодветно што можеш, односно власта да ја дадеш на луѓе кои ќе работат за државата а не за самите нив.

Кога ќе се излегува масовно на протести против сите закони како што се излезе на протест против екстерното, тогаш политичарите ќе мора да ја повлечат штетната одлука, а во државата ќе се носат квалитетни, достоинствени закони кои ќе го подобрат и самиот живот во државата.

Едноставно кажано државата сме сите ние како единки, дали таа ќе биде благодетна и напредна или назадна и заглавена во калта, зависи исклучиво од нашите одлуки, дела и борба.


Затоа наредниот пат пред да ја обвиниш државата за твојот неуспех, прво погледни се во огледло и запрашај се, што ти направи за државата за таа да ти возврати на тебе ?

No comments:

Post a Comment