Friday, 16 November 2018

Димни бомби

Димна завеса или поточно димни бомби е термин за вештачки креирани настани и политички  расправи, кои имаат за цел да прекриат во позадина поголема политичка одлука која е прикриена со  замајување на јавноста.

Така на пример во минатото, секогаш кога имаш крупна зделка меѓу коалиционите партнери од преродбата и дуинг бизнис, се случуваа инциденти во автобуси на етничка основа, преку кој вниманието беше тотално дефукусирано, а пазарот меѓу властодржците одеше како подмачкан.

Последните настани со тоа како избегал осуденик, поранешен премиер е идеално за заташкување на пописот кој ќе биде прв без народност во целокупната историја на Макеоднија, дури во Отоманската империја сите пописи биле со народност.

Другата димна бомба е Македонија блокира, која има за цел да прикаже беден, јаден отпор против промена на името, притоа организирајќи протести во 17 часот а протестот се одржува во 19 часот, без никакви подготовки, мобилизација како што доликува на протест, за да покажат ете само бедни 50 луѓе се против одредени одлуки.


Во Македонија фрлањето на димни бомби во јавноста со цел прикривање на крупна одлука да помине како подмачкана е стретегија која се користи постојано, а со медиуми кои се тотално под еден центар на контрола постојано успешна.

Наместо медиумите да се занимаваат со вистински проблеми со кои се соочува државата, лошата економија, политички вработувања, промена на име, тие сега ќе прават постојани анализи на тема, како едно лице отишло од точка А до точка Б и притоа за тоа ќе изнесат 1001 верзија со цел приказната да биде постојано интересна на конзументот, додека во позадина се заташкуваат вистинските крупни проблеми со кои се соочува државата.

Никој повеќе не зборува за загадениот воздух кој го уништува здравјето на секој од нас, никој не збори за рудниците на смртта кои дополнително ќе го загрозат квалитетот на живеење и природата , што ќе значи бавна и болна смрт за сите нас.


Ваквите стретегии кои ги користат власта и опозицијата мора да бидат уништени во старт, со антидимни бомби, кои нема да дозволат да не замајуваат и да го отргнуваат од нашето внимание од вистинските проблеми со кои се соочуваме.

No comments:

Post a Comment