Monday, 6 November 2017

Дизел економија

Многу се мислев како да биде насловот на овој текст или колумна како и да милувате и решив да биде Дизел економија во чест на неговото величество дизелот и неговото идно покажување.

Всушност самото покачување на акцизата за дизелот не би било вест , ако не ги покажува парадоксите не левичарската а посебно марксистичката економија.


Ветија враќање на парите на народот и ја укинаа радиодифузната такса, сосема небитна давачка која и не го оптоварува премногу семејниот буџет.
Жаргонски речено, тие ни дадоа лижавче со кое ние треба да се залажуваме, дур тие се спремаат да ни ги украдат лебот и месото позади грб, дур народот е залажен и задоен со лижавчето.
Зголемената акциза ја бранат со фактот дека сакале да ги подобрат еколошките стандарди во државата, што би било океј и би држело вода но доколку ги намалеа акцизите на еколошки подобните горива.
Ептен итро и типично комунистички, но со еден мал проблем, сега медиумите не се 100 % под контрола на партијата.
Така фунцкионирала  и СФРЈ, ќе дадат некој бенифит на народот, кој тој сам ќе го преплати дупло , со нови давачки и најчесто со неплаќање на цел пензински фонд од страна на стопасвеникот односно државата, многумина го искусиле тоа горчливо чувство од времето на СФРЈ.

Она што е очигледно е дур комунистот или левичарот ти дава дар, е само да ти ги замагли очите дур те краде позади грб , и тоа крадејќи те на големо.

И крајниот парадокс однесувањето на левичарите кога се во опозиција и во власт.

Истава партија бараше и се бореше за намалување на акцизите се со цел да му помогне на народот, но кога тие водат држава и е битен буџетот да има пари за да трошат на своите каприци.

Сличен пример е и новата партија и нејзината јасна поделба, оние кои се во власта оваа мерка ја бранат, дур овие во опозиција жестокото се борат против неа.Значи тие се борат за работнички права дур се опозиција, а дојдат на власт е битно да се троши без да се работи.
Затоа и дојдовме онаму каде што сме, на дното.

Заклучокот е повеќе од јасен, животот во Македонија таков каков што е ветен нема да дојде, а парите воопшто нема да се вратат на граѓаните.Или како што велеа од самата партија, тие прават само уште еден успешен : Бонбона бизнис.


No comments:

Post a Comment