Friday, 17 November 2017

Спиро Китинчев

Спиро Китинчев познат по пседводнимот Скопјански е политичар, градоначалник на Скопје во периодот од 1941-1944 и еден од основачите  на Независна Држава Македонија.

Китинчев е роден во 1895 година во Скопје.Учи во гимназијата во Солун, а по време на Првата светска војна учи во Лозана, Швајцарија.За време на војната (1915-1918) неговиот татко Ѓоре Китинчев е градоначалник на Скопје, за време на бугарското управување на градот.
Се вклучува во организацијата на македонските студенти ММТРО во Швајцарија.На 16 декември 1918 година Китинчев е еден од организаторите на обединувањето на македонските студентски дружини под името Главен Совет.
Во 1919 година за време на заседението на Париската мировна конфренција  Главниот совет издава апели, меморандуми како и печатен орган "Ендепенданс Маседониен" кој работи во полза за независна мултиетничка Македонија, по принципот на Швајцарската конфедерација.

Во 1919 година се враќа во Скопје.Тој е еден од основачите на списанието "Луч" и промотор на идејата да се пишуваат текстовите на локалниот говор.Станува член на околискиот комитет на ВМРО.

По пропаѓањето на Кралството Југославија во април 1941 година Китинчев станува градоначалник на Скопје, кога градот е предаден на бугарско администриране.Во исто време е избран за вицепретседател на Бугарските акциони комитети.
На 8 Септември 1944 година ја прогласува Независна Држава Македонија.Заминува во Ќустендил каде што е уапсен од новите бугарски власти и е предаден на југословенските комунисти.
За време на судскиот процес од 25 мај до 2 јуни 1945 година, Китанчев е обвинети заедно со Димитар Ѓузелов и Димитар Чкатров, дека го воспитува населението на Македонија во бугарски национален дух и работи за сооединување на Македонија кон Бугарија.
Тројцата обвинети изјавуваат  дека се борат за населението во Македонија се запази од србската асимилација и за ослободувањето од србското робство.Китанчев е осуден на смрт, но подцна пресудата му е заменета со 20 години затвор.Умира во затворот Идризово по една година од туберкулоза и тортура.

No comments:

Post a Comment