Sunday, 26 November 2017

Национален став (2)

Продолжувам со вториот текст посветен на прашањето за националниот став кај Македонците.
Сега се на ред навивачките групи.

Во времето на комунизмот во СФРЈ, немаше никаква слобода за искажување на поинакво мислење од она што е партиско и државно.Немаше телевизии, весници, а да не станува збор за интернет портали и социјални мрежи.
Така единствено место каде што можеше да се покаже поинаков идеолошки концепт, и борба против СФРЈ и комунизмот станаа стадионите.
Токму со тоа новоформираните навивачки групи, станаа еден вид на револуционери во општеството, кои конечно почнаа да ги промовираат националните ставови на малите народи во СФРЈ , и да го пртескажат крајот на една држава која веќе беше клинички мртва.
Битката на Максимир беше официалниот крај на СФРЈ и почетокот на крватава граѓанска војна во повеќе нејзини поранешни републики.

И Македонија не беше исклучок.Токму на стадионите прв пат се слушна идејата за независна Македонија, а и подоцна стадионите и малите тифо групи беа единствени кои се спротиставуваа на националните предаства од политичарите, со оглед дека како што напишав во првиот текст во Македонија национални организации нема.

Со самото тоа навивачките групи сакајќи или не, сами по себе станаа национални организации , чувајќи ја Македонија од предаства.Причина поради која се најдоа на тапет од страна на политичарите.

Без разлика дали се македонски или албански етнички навивачки групи, тие го искажуваат мислењето на својата етничка заедница за повеќе прашања без влакна на јазикот.Само со една разлика, едниве беа репресирани, а другите наградувани за тоа, и двете не по нивна вина.
Навивачките групи го превземаа товарот на себеси за борба за државноста на Македонија, со што станаа едиствени организации кои делуваат во Македонија кои не припаѓаа на некој од двата центри на моќ, кој ја продаваа Македонија.

Со тоа одлуката беше повеќе од јасна, преку разни репресивни мерки да се уништат навивачките групи, кои и претставуваа  мала но сепак единствена опасност за политикантите.

Средставата со кои ќе се уништат воопшто не беа бирани, па така се удри по нив со цела сила, летеа пендраци, кривични пријави, апсења, психички тортури со постојано повикување во станици за разни ситници, се со цел да се скрши нивниот дух.
Ваквата репресија и удар кон навивачките групи не беше воопшто забележен од народот, кој како и да го поддржуваше "превоспитувањето" на оние чија што единствена вина беше што го кажуваа она што тие јавно го мислат, а немат муда да го кажат во лице на политичарите.

Она што е можеби е најжално е што самите навивачки групи си помогнаа да бидат уништени.
Заслепени од желбата едните да бидат подобри од другите, немаа никаква навивачка солидарност, не помагаа на групите кои имаа забрани да гостуваат на нивен терен, напротив и меѓусебно си ликуваа за тоа.
Никогаш не се обединија да делуваат како една организација која ќе ги заштитува нивните интереси и права, а притоа да си го продолжат своето навивачко ривалство надвор од тоа здружение и националната борба , и борбата за кауза.За тоа македонските навивачи може многу да научат од своите колеги од Хрватска и Полска.

И можеби најголемата грешка, оставањето на репрезентацијата без поддршка.Токму репрезентативните селекции на Македонија ќе беа одлично место каде што навивачите ќе ги освојуваат симпатиите на народот , а воедно многу полесно ќе задаваа удар по своите противници.

Ова е воведен дел за текстот кој ќе следува наредната Недела (најверојатно) на тема Третманот кон навивачките групи во Македонија.
Тука ќе се покаже односот како Албанците ги третираа своите групи, а како Македонците своите.

Продолжува.

No comments:

Post a Comment