Sunday, 12 November 2017

Менталитетот е нашиот проблем

Менталитетот на Македонецот е причина поради кој тој е лесна мета на неговите сопствени политичари кои лесно го молзат и стрижаат по сопствените потреби.
Главната карактеристика за Македонецот е : Наведната глава сабја не ја сече.
Но постојано наведната глава ниту ќе види сонце, ниту ќе проживее достоинствен живот.

Речиси сите сме се соочиле со феноменот на тоа дека нашите родители секогаш не сопирале и не молеле да не сме дел од борба за подобра држава  и борба против алчните криминалци од политичари, или поточно можеби терминот политичари и не доликува, туку најсоодветно е политиканти.
Секогаш со онаа , зошто мора сине/ќерко ти, седи си мадро, нека се борат другите ти ни биди жив(а)/здрав(а) и.т.н.
Погледнете го серијалот Тврдокорни првата сезона и ќе забележете дека речиси сите видни и прочуени македонски револуционери го доживеале истото од своите сопствени родители..
Токму со ова се соочуваме со еден проблем да самите наши родители сосема несакајќи стануваат наши непријатели, односно ни претставуваат голема пречка во остварувањето на нашата цел за подобра држава во која ќе живееме.
Можеби примерот кој е посочен е малку несоодветен и звучи глупо, но добро ја отсликува состојбата  на тоа како размислуваат Македонците.

Која е причината која доведува до таков поразитален менталитет ?

Тоа е неедукацијата и немањето на борбен жар во Македонецот.
Ако гледаме во минатот речиси сите видни македонски револуционери и херои всушност се личности кои својот борбен дух и едукација ја должат на временскиот период поминат надвор од Македонија, односно кога биле печалбари.
Всушност току дружејќи се со личности надвор од Македонија и согледувајќи го начинот на кој живеат народите и луѓето во средите каде што заминале да се образуваат или да работат ја добиле мотивацијата, едукацијата и желбата за да ја променат и својата Македонија.

Токму тука најмногу треба да работат сите македонски родљуби, националисти и фашисти, да работат во поглед на едуцирање на сопствениот народ во сите сегменти.

Едуцирањето на Македонецот, борбата која ќе биде пеколно тешка мора да се помине, за од кога ќе се едуцира подобар дел од народот , ќе се подигне со самото тоа и борбениот дух и менталитет на народот, а Македонецот повеќе нема да биде овца за стрижење на локалните ни политиканти.

No comments:

Post a Comment