Thursday, 9 November 2017

"Збунети" шарени

Кој прати собрание можеше да ја види седницата во која со носеше законот за Народниот првобранител.
Ако се сеќавате тој беше еден од главните закони за кој ветија дека ќе се борат Шарените куртони (во своите замисли револуционери) и дојде денот кога тоа треба да го реализират.
Е само што имаше мал проблем, тие сосема случајно се "збуниле" и гласиле против законот кој толку многу го бараа кога го протестираат.

Тоа е само еден огормен доказ за тоа што одамна го пишувавм дека Шарените = ГДОМ, исти гниди кои се борат само за власт, без никакви морални, иделошки или било какви принципи.
Без никаков срам и перде изјавија дека биле збунети и дека тоа ќе го исправат во наредна прилика (ако ја има де).
Замислете го фактот дека државата ни ја водат луѓе кои се збунуваат кога се ставени на гласење нивни закони, луѓе кои не знаат зошто се во парламент и не знаат што треба да гласаат а што не, за што ветиле дека ќе се борат во парламент и против што ќе се борат во него.

На Македонија и се потребни право политички борци кои ќе се борат за своите идеали до крај, без компромиси, без разлика дали ќе успеат или не во тоа.

Нас ни требат борци, а не демагози.
Промената треба и ќе почне од нас самите.

No comments:

Post a Comment