Saturday, 24 June 2017

Историски дилеми

Повторно не мачат историските дилеми, што треба да славиме, како, со кого.
Македонија на жал е заробена од една УДБАШКА историја, која не ни прикажува за настаните реално.Тие сакат Македонецот да биде заробен во едно лажно минато и да биде негов роб.Борбата да се ослободиме од ова духовно ропство е задолжение на секој што ја знае историјата на Македонија.
Последниот настан кој не наврати на овие полемики и расправи е посетата на Заев во Софија.Оваа посета ќе е историска од многу аспекти.
Лавина реакции предизвика поклонувањето на Зоран Заев на споменикот во Софија, каде што пишува Цар Самоил цар на Бугарија.
Многу интересно ми е што никој не спомене зошто на споменикот на Цар Самоил во Скопје не пишува чив тој цар е ?
Важно Македонецот беше преукопиран да го напаѓа "бугарашот" Заев кој се поклонил на споменикот на големиот цар во Софија, поради описот кој го поставиле во Бугарија.
Е сега дали истите знаат дека кога ќе дојде Борисов во Крушево (ако дојде) ќе се поклони на биста каде што јасно ќе пишува : ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ (а не на Бугарите).
Значи Борисов ниту ќе го направи востанието бугарско, ниту ќе плукне по споменот на Илинденците како што некој упорно тврдат, тој само ќе одаде почит на храброста која ја имале востаниците, и ништо повеќе од тоа.
Исто така  тој доаѓа да одаде почит на големиот број доброволци од Бугарија кои се бореле за ослободување на Македонија, еден од нив е еден од бардовите на бугарската книжевност Пејо Јаворов, а друг на пример е еден од најголемите а спроед многумина најголемиот бугарски полковник Борис Дрангов кој е родум од Скопје.
Што е страшното во тоа што лидер на Бугарија доаѓа да одаде почит на големиот број бугарски доброволци кои се бореле за нашата СЛОБОДА.Огромен дел од Илинденците се и доброволци подоцна во бугарската армија.

Тоа е голем проблем, а не е проблем прославата на Зебрењак  и Кумановската битка помеѓу Србите и Турците.
Во оваа битка Србите го слават "ОСЛОБОДУВАЊЕТО" на Куманово.Намерно со големи букви го потенцирам зборот ослободување.Значи за тие што не знаат, ослободуваш нешто што е твое, а окупираш нешто што е туѓо.Дали Куманово е српски град ?? Какво ослободување славиме ние Македонците заедно со Србите ? Дали ние сме слободни уште во далечната 1913 година ?
Е сега какви сме за оние кои ја ослободиле Македонија. 
За истите тие ние сме БЈРМ, доаѓаат во БЈРМ, на сите нивни хуманитарни организации кои учествуваат во оваа прослава сме БРЈМ, разбарајте се и ќе најдете.
Значи никаков проблем не е тоа што идат Србите и заедно со наша делегација ја слават нашата ОКУПАЦИЈА, но е проблем тоа што Бугарите сакат со нас да ја слават нашата битка за слобода ?

Споредба да направиме од најблиско минато , поплавите.
Кога беа поплавите во Србија се истепавме помагајќи, а кога имавме поплави овде, Србите не организираа ништо за наша помош.
Кога беа поплавите во Бугарија не помогнавме ништо, но кога беа поплавите кај нас Бугарија ни помогна на нас, а за возврат сите учесници во помагањето на поплавите во Скопје добија ордени во Бугарија, ништо за кое веќе имам објавено на блогот.


Врховистите или кај нас познати како Бугарите или Бугарашите кои се бореле против ВМОРО, всушност не се тоа што ни го претставуват.Дел од ВМОК биле и Делчев, Петров, Сарафов, па и Сандански кој бил директен учесник во едно од врховистичките востанија.
Парите од ВМОК оделе директно во касата на ВМОРО.

Цитат од писмо на Ѓорче Петров 
Ѓ. Петров соопштува, дека има две организации: ВМОРО и ВМОК, коишто се во сојуз, без да претендираат за раководство. Ѓ. Петров и Г. Делчев се задгранични претставници на ЦК на ВМОРО и како такви влегуваат во составот на ВМОК.
Дали и Ѓорче Петров и Гоце Делчев биле бугараши и бугарофили ?????
Всушност врховистите се своевидна коалиција на сите македонски организации кои се борат за слободата на Македонија, и како што кажува самото име ВРХовен (врх-врв(пред јазичните промени 1945)) го претставуват врвот на борбата за македонско ослободување.


Доаѓам сега до Порече и тамошниот масакар, таму Бугарската Армија убива над 103 службеници на српската држава, кои имале српска национална свест.За нив го имаме овој постамент 
 Јас ќе прашам, кога над некоја фурна ќе поставиме ваква плоча на кој ќе пишува : Во оваа фурна беа печени македонски млади деца од страна на српската гнасна рака ! ?
Ќе направиме ваква плоча во чест на младите Македонци кои беа печени живи од страна на српскиот окупатор ?
Токмакот ќе постави плоча над некоја фурна за тие деца ?

Една од прославите на која присуствуват антибугарашите на Токмакот  е битката на Ножот, славна битка која ја водела ВМОРО против Турците.
                           (телата на јунаците кои загинаа на Ножот)
Дали токмаците на плочата посветена на нив ќе напишат: Предадени на Турците од страна на српските агенти и шпиони ?? 

Ќе споменат нешто за постојаните свиркања на Србите кај Турците за делувањето на четите на ВМОРО ? Бугарите никогаш не предале ниту една чета на ВМОРО и тоа е историски факт.

Ајде одиме понатаму , учебник по историја во Србија.
Значи според српските историчари во Македонија се бореле Бугарите од ВМОРО и Србите од  Српски комитет на четничка акција.
Немавме ниту една реакција ниту од македонските историчари, ниту од владата, ниту од загрижените патриоти за Македонија и нејзиното губење на нејзиниот идентитет.

Исто така во Белград беше променето името на улицата на Гоце Делчев со образложение дека тој бил бугарски националист, кој се борел против Србите.Интересно е како на тоа реагираа бугарските историчари, а македонските молчеа, не спомнаа ништо.
Гоце Делчев био је великобугарски националиста и члан ВМРО, организације која је крајем деветнаестог и почетком двадесетог века била продужена рука Бугарске на простору србске Македоније и чији је рад био у директној супротности са србским националним интересима. „Унутрашња македонска револуционарна организација“ (ВМРО) основана је 1893. године у Солуну као организација чији је званични циљ био добијање аутономије за македонску и једренску област унутар Османлијског царства. Комунистички историчари, желећи да промовишу тезу о „вековном постојању македонске нације“, а са друге стране ограничени идеолошким шаблонима, свесно или несвесно превиђају историјске чињенице или их уобличавају и тумаче према тадашњим потребама. Тако, на пример, неки од тих историчара тврде да је ВМРО „аутентични чувар македонске револуционарне традиције“, иако се у званичним саопштењима те организације износи став да су Македонци по националности Бугари, што је само један од многих показатеља антисрбске оријентације ВМРО.
(српски став, не мора да преведувам)
Денес ги гледам македонските историчари го критикуваат договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, а молчат на сите српски провокации ем се глуви ем се слепи.

Овој четник погоре е Бабунски, борец за Велика Србија, славен од Србите како борец за слободата на Стара Србија ( Македонија). Тој е еден од оние кои учествувале во печењето на македонски деца, и вржел масакри врз недолжно селско население.Нашите историчари ниту збор да изустат зошто тој е славен на големо од страна на нивните колеги во Србија.

Господа македонски историчари вие сте еден голем срам за вашата професија која е учителка на животот.

Да не заборавиме и за нашата православна црква, дур Србите не ни ја признаваат црквата и сметат дека нашите цркви се дел од СПЦ (а со тоа индиректно и дека Македонија е Стара Србија), Бугарите не прават никаков спор, иако огромен дел од македонските цркви, речиси сите пред 1913 се изградени од БПЦ и Бугарската егзархија.


Заклучкот е , Србите не нарекуваат БЈРМ а Бугарите Република Македонија, за Србите црква немаме, а Бугарите се горди што црквите изградени од нив се на МПЦ-ОА, Бугарите помагаа кога е најтешко а на крајот од приказната Србите се браќа а Бугарите ни се смртни непријатели.

Мора да се ослободиме од духовното ропство на УДБА, за да можеме да изградиме силна македонска држава.

Ова нека е крај, бидејќи може да се напише многу на оваа тема, за која може да се пишува до недоглед.





1 comment:

  1. Не пишува кај нас за цар Самоил бидејќи само се консултирале со историчарите а не послушале ништо, т.е. за се се консултирале ама не послушале ништо, иначе имале поубава замисла се да се прави.
    А за ова што збориш за преќутено за српскине злосторства во право си, а дека во Втора Светска имало бугарска окупација имало, поради тоа што почнале ептен да се занесуваат бугарите, прадедо ми беше бугарски војник, негово сведоштво ти кажувам, Германцине спрема нас(Македонците) корекни се, купувале за војска се, бугарите пљачкаши како србите, башка што сите македонци војници регрутирани биле ептен малтретирани, ради тоа највеќе дезертирале и станувале партизани.
    Просветителна пропаганда шти имало во Македонија имало, од Грците, Бугарите, Србите, тоа ти е историски факт.
    П.С. Доволно за сеа за темава, него зашто не се спомнува порани востанија за ослободување на Македонија?

    ReplyDelete