Tuesday, 27 June 2017

Пионерското размислување

По средбата во Софија некако се разбранува пионерското размислување и пионерскиот дух длабоко засаден во битието на Македонецот.
Македонците и Бугарите не можеле да бидат заедно, бидејќи тие "војувале" помеѓу себе, и биле на различни страни од војната (делумно точно, не целосно).
Да ги потсетиме пионерите дека во нивната СФРЈ  по нивна логика и Хрватите и Србите не требаше да чествуват ништо заедно, а не па уште повеќе да живеат во иста држава.
Злосторствата кои се извршени во војната помеѓу Хрватите и Србите (за кои тврди нивната историографија) најверојатно по нивната логика треба да значат дека овие два народа  никогаш повеќе не треба да бидат заедно рамо до рамо, а не да градат заедничка држава под мотото Братство и единство, потоа иронично стана Братство и убиство.
За жал сеуште некој луѓе живеат пред 1989 година, не се известени за падот на Берлинскиот ѕид, не знаат дека одамна комунизмот во Европа падна и дека може да размислуват поинаку од тоа што ги учеле во СФРЈ.
Денес за разлика од нивното време и учење , Македонија и Бугарија повеќе не се непријатели, Бугарија е најголемиот партнер на Македонија, Бугарија ЕУ фондовите за проекти за меѓугранична соработка ги инвестира во Македонија, иако за тоа не е задолжена.
На тој начин многу мали запуштени општини во Источна Македонија  добија пристап до финансиски средства да изгарадат основни проекти што требаше да бидат изградени уште во "моќната" СФРЈ, како што се патишта, канализација, водовод, потоа опремување на училишта, изградба на културни домови и.т.н.
Зошто истите титови пионери не ги споменат злосторствата кои се вршени од народите кои тие ги сметат за братски врз Македонците и по истата нивна логика ние со нив не треба да имаме никакви заеднички односи.
Кога ги нарекуваат Бугарскиот народ фашистички, дали се прават слепи дека и народи од нивната братска Југославија беа на страната на оската па никогаш не беа нарекувани од нив фашистички народи, дали истите пионери знаат дека борбата против оската во Бугарија започна многу пред истата да е во нивната Југославија.
Дали по логиката дека Бугарија е фашистичка (никогаш немала такво државно уредување) го прави СССР капиталистички бидејќи тие биле сојузници со капиталистите во војната ?
Логиката е најголем смртен непријател на пионерите и нивните "аргументи" и "факти".

No comments:

Post a Comment