Tuesday, 13 June 2017

Државни симболи


Секоја држава ја распознаваме по нејзините симболи а тоа се знамето, грбот и химната.
Тие се одлика на тоа каков народ живее во државата.

Е сега нашите државни симболи се приказна сама за себе.

Знамето на Република Македонија е осум крако сонце на црвена позадина, кое е осовено на 5 Октомври 1995 година, знаме кое е дел од промените од македонско-грчкиот договор за добрососедство.

Ова знаме сепак не ја исполни својата задача да биде национално знаме.
Многумина го форсираат знамето со црвена основа на која се наоѓа Кутлешот како национално знаме, но и тоа знаме создава поделба помеѓу Македонците.

Како најсоодветно знаме се наметнува знамето на првата независна македонска држава НДМ, кое е црвено со црно, ваквото знаме сега е користено од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ.
Знаме кое е користено од страна на сите борци за независна и самостојна Македонија, и знаме на првата македонска држава НДМ.

Mакедонија како земја сеуште живее во рамки на комунизмот, а за тоа најголем доказ е грбот на Македонија.
Официалниот грб е истиот комунистички грб кој го имаше Македонија во рамките на СФРЈ, само што по одреден временски период е отстранeта црвената петокрака.
Овој е класичен комунистички грб, со комунистичка симболика, изготвен по пример на грбот на СССР.
Босна и Херцеговина го отфрли комунистичкиот грб, иако таму имаше големи полемики поради застапеноста на 3 големи етникуми.

Последниот предлог за промена на грб беше во 2014, кога вледеачката ВМРО ДПМНЕ изготви и силна кампања за промоција на грбот, но тоа се заташка и стави под тепих поради политичката криза.


Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.


Сепак и овој грб беше тема на жестока критика, според многумина дека бил многу сличен со грбот на градот Тирана.

Повеќе од јасно е дека Македонија мора да добие нов грб, а тоа треба да биде еден од многуте грбови кои низ историјата на македонската херадилка, пред се тоа е лавот како главен македонски симбол, а нечесто но многу ретко се среќавале  двоглавиот орел и волкот.


Како македонска химна ја имаме Денес над Македонија, што е химна со добар текст на кој може да има мала доработка, а исто така можеби најсоодветна за македонска химна е Изгреј зора на слободата.


No comments:

Post a Comment