Friday, 2 June 2017

Коце Ципушев

Константин  Димитров Ципушев, со псевдоним Дојчин, е револуционер на ВМОРО.
Коце Ципушев е роден во Радовиш во 1877 година.Завршува прогимназија во родниот град, а потоа го продолжува своето образование во солунската гимназија.Во Солун станува член на таен ученички кружок, кој е помошна структура на ВМОРО под раководителство на Даме Груев.Ја завршил гимназијата во 1899 година.Се оженува со Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров, кум на свадбата бил Гоце Делчев, а сват бил Даме Груев.
Во 1899 година е студент по хемија во Софија.Своето образование од 1900 до 1902 го продолжува во Женева, каде учи заедно со Симеон Радев.Со завршувањето на своето образование се враќа во родниот си крај, каде ја продолжува својата  револуционерна дејност.Раководител е на револуционерниот комитет во Кочани.Во почетокот на 1903 заминува за Костур каде што е учител.Уапсен од властите лежи затвор во Битола до април 1904 година.Во 1905 година е назначен за учител во Битола, но властите не му дозволуват да ја врши својата дејност.Во март 1906 година властите повторно го затворуват на четири месеца во Куршумли ан во Скопје.
Во  1913 гоина по меѓусојузничката војна е принуден да се пресели во Софија.Од 1914 година е претседател на окружната постојана комисија во Струмичкиот округ.Го раководи револуционерниот пункт во Струмица според  директивите на Тодор Александров.По Валандовската акција во 1915 година е викнат лично за објаснување од премиерот Васил Радославов.
По крајот на Првата светска војна на 6 ноември 1918 година е уапсен од англиските  окупаторски војски, прададен на српските власти, кои по мачења го осудуват на смрт, но потоа таа пресуда е заменета со 20 годишна пресуда затвор.Излегува од затворот во 1937 година.

Во 1941 година се враќа во Македонија.Од 1942 година е подпретседател на  Радовишкото  друштво на Илиденската органиација.Во 1943 година во Софија  ги публикува своите спомени, под наслов: "19 години во српските затвори.Спомени",
Починува во Софија на 11 Јануари 1968 година.

No comments:

Post a Comment