Wednesday, 14 June 2017

НАТО


Со доаѓањето на нова власт во Република Македонија на големо почна да се дискутира шансата Македонија да влезе во НАТО под привременото име БЈРМ.
Тоа ја разбранува дискусијата за членство на Македонија во НАТО , дали ќе имаме придобвки или не, и дали влезот во НАТО значи влез во ЕУ.
Како најгласни критичари на НАТО се јавија титовите пионерчиња.Истите кои заборавија кој градеше ѕидови, сега  исто така заборавија дека нивниот лидер и вожд Тито ја внесе Југославија во НАТО, преку така нареченото Јужно крило на НАТО (иако поради својот политчки систем Југославија не беше официален член на НАТО, во случај таа да беше нападната со потпишаните договори таа ќе беше одбранета од страна на НАТО).
Моќната ЈНА  со која се гордеат титовците, беше финансирана и вооружена од САД и НАТО.
Од кога ги разобличивме лагите на титовистите кои не знаат ништо друго освен да лажат бидејќи таков им е генот лицемерен, да направам мала анализа за Македонија и НАТО.

НАТО е воен сојуз кој има 29 земји членки.Во Македонија поголемиот дел од народ мисли дека мора влез во НАТО за да си дел од ЕУ.Но тоа не е точно.
Имаме земји кои се членки на ЕУ а не се во НАТО, како Финска, Шведска и Австрија и обратно имаме земји кои не се членки на ЕУ а се дел од НАТО како што се Норвешка и Исланд.
Вреди да напоменеме дека Исланд нема своја армија по во тој поглед таа цела своја безбедност ја темели на НАТО сојузот.
Со тоа што веќе го напоменавме во врска дали членството во НАТО значи полесен влез во ЕУ лесно може да заклучиме дека секоја нормална држава влезот во ЕУ или НАТО го согледува од националните интереси и што придобвки ќе имат од влезот во еден од овие два сојузи.
Влезот во НАТО носи одредени обврски, како прво плаќање на чланарина, потоа во случај на војна во која ќе биде вклучен НАТО, Македонија како дел од овој воен сојуз ќе мора да испрати свои војници на фронтот.Така ќе се вклучиме во војна која воопшто не е наша ниту ќе имаме корист од неа, а во тој воен конфликт може да гинат наши војници.
Но од друга страна ако ја погледнеме геостратешката игра, Македонија е опколена од земји кои се дел од НАТО.Македонија на жал е премно слаб играч за да остане неутрален, што е еден голем проблем за нашата земја, а посебно знаејќи ги фактот дека имаме премногу  корумпирани политичари.
Сепак  не треба да заборавиме Македонија има договор со САД, кој го имат потпишано само Македонија и Израел, со кој САД се обврзува воено да интервенира во случај Македонија да биде нападната.
И сега логично се поставува прашањето, ако имаме таков силен договор потпишан со САД, дали е морално да бидеме членки во НАТО, кога имаме договор што вреди многу повеќе од НАТО и договор кој од Македонија прави безмалку 51 држава во составот на САД ?
Одговорот е многу комплициран и зависи најмногу од нашите политичари и начинот на кои тие ја водат својата политика, ако се послушни играчи на САД, и со фактот дека палатата на Кале е центарот на САД за овој регион, Македонија може да биде мирна, но доколку македонските политичари сакат да го променат курсот со кој се движи државата, тој договор од страна на САД може многу лесно да се раскине и повлече.Со тоа Македонија ќе стане ранлива земја без никаква заштита.
Затоа Македонија мора да води многу внимателна и силна надворешна политика, со која таа ќе ја гарантира безбедноста на своите граѓани.Се дур Македонија го има во фунцкија договорот со САД, членството во НАТО е само формално прашање.

No comments:

Post a Comment