Tuesday, 9 January 2018

Загадување

Македонија повторно е преокупирана со темата загадување.
Се нудат разни решенија, но ниту едно не ја опфаќа суштината на проблемот и како тој може да се реши.

Првото и можеби најважно е : Како настанал тој проблем ?
Како имам напишано многу пати до сега, Македонија во времето на СФРЈ беше определена како отпад на тогашната држава, а самото тоа доведе за македонските градови да бидат позагадени од сите останати градови кои некогаш биле дел од СФРЈ.
Левичарите и марксистите кога се борат за чист воздух, добро е да ги потсетиме дека тие се коренот и причината поради кој тој проблем посто, не тие како индивидуи туку како идеологија.

Мерките кои се превземаат се идиотско трошење на време и ресурси, кое никогаш нема да го реши проблемот, само привремено ќе доведе до кратко намалување на честиците, и ништо повеќе.
Суштината на се е да се отстрани коренот на проблемот, а тоа е погрешната индустриална политика на комунистите и намалување до истребување на сиромаштијата.

За тоа е потребно да се направи, Национална економска стратегија, по која државата во наредниот период од 10 до 30 години ќе ги решава проблемите со кој се мачими уште од 50тите години на минатиот век.
Стретегија која ќе го сопре богатењето на политичарите, ќе даде на граѓаните повеќе шанса сами да се вработуваат (а не преку партија), стретегија која ќе доведе до минималната (а не просечната) плата во Македонија да биде 500 евра, а цените на продуктите кои се енермно високи и нереални, да се намалат и да дојдат до едно норамлно ниво.

Со самото тоа што граѓаните ќе поседуваат повеќе пари,  ќе водат поквалитетен живот, што ќе доведе и до енормно намалување на загадувањето и ќе ги намали или дури целосно ги истреби, штетните последици од него.

Значи сечење на коренот на проблемот, а не негово санирање, ќе доведе до решавање на ова горчливо прашање, се друго е само мудрување и залудно трошење на буџетските средства платени од даноците.



No comments:

Post a Comment