Tuesday, 23 January 2018

Руското влијание во Македонија

Руското влијание во Македонија  е тема за која малку се зборува, но се повеќе таа ќе станува актуелна во времето кое ќе изминува.
Какво е руското влијание, дали тоа ќе е поволно или не, кој е правецот по кој треба да одиме ?

Најпрво можеби најдобро е да се направи една историска анализа на македонското револуционерно движење и руското влијание во него, за да забележиме колку се искрени намерите во нив.

За почеток најдобро е да го опфатиме периодот 1896-1898 и посетите на македонските борци за слобода на Русија и барањето на помош.
Македонците во Русија гледале природен сојузник, но самите подоцна ќе сфатат дека тоа не е така.
Во една од таквите посети еден од македонските лидери бара помош од руските власти, тие ветуваат дека ќе дадат помош, само ако македонските револуционери ги сопрат своите вооружени активности во Македонија.
Иако македонските лидери  ги изнеле фактите за тешкиот живот на Македонците и турските зулуми, тие воопшто не биле значајни за Русија и нејзините интереси.Покрај тоа, тие настојувале да немаа вооружена борба и самите да го одредуват лидерот на Македоснките ревoлуционери.
Овој ултиматум бил неприфатлив. со што ја одбиваат помошта од Русија.
Причината е повеќе од јасна, губење на независноста на македонската борба, а во исто време ќе се јачат грчките андарски и српските чети на штета на Македонија.
Русите бесни на ВМРО(ВМОРО) и објувавуваат војна, барајќи организацијата да биде забранета и тотално уништена.
Во своите дипломатски битки против организацијата издејствуваат токму Борис Сарафов да биде затворен пореди убиство на романски новинар, што ќе доведе до две востанија кои тотално ќе ја уништат шансата за слободна и обединета Македонија.Денес немаме обединета Македонија токму поради руското влијание.
За време на Илиденско-преображенското востание, Русија го повикува народот да откаже послушност на своите комитети , ако сака да биде заштитено од Русија.Македонците остануваат верни на своите комитети и Илиденско-преображенското востание, со што Русија не реагира дипломатски за заштита на Македонија и Македонците од османлискиот терор.
Русија не учествува и во мировните конференции, а ниту на еден начин не ја сопира поделбата на Македонија, напротив, еден од главните а можеби и клучен играч за нејзина реализација е токму Русија.
Руското влијание и по балканските војни е јако, финансирајќи на македонски организации кои се борат за Југославија и Балканска федерација, а не за независна Македонија.
Повторно нејзините активности се сврзани во борба против ВМРО.
Самиот Мајски манифест како нивна подвала доведува до војната помеѓу македонските организации , а во тие спреги убиен е најголемиот македонски лидер Тодор Александров.
Многу русофили потоа ќе добијат куршуми од револверите на ВМРО.

Русија исто така ги поддржува и југословенските и бугарските комунисти кои ги убиваат сите видни дејци на Македонија и ВМРО, во разни атентанти и масовни стрелања, во периодот 1945-1951.


Сега , кои се целите на модерната руска политика.
Нејзините цели беа повеќе од јасни, создавање на неутрална зона или православна унија помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Република Српска, со што Макеоднија би била покорна на Белград.Но оваа идеја отиде во неповрат со влезот на Црна Гора во НАТО.
Македонија ниту природно припаѓа кон српските држави, ниту може да биде дел од сојуз кој територијално се совпаѓа со Велика Србија (со исклучок на дел од Хрватска)
Највредно да се напомене е дека најголем сојузник на руските политички цели на Балканот е Грција, токму Русија е еден од главните финансиери на спасот на Грција од тотален колапс.
Русија во Македонија гледале идеална територијална компензација на Србија за Косово.
Путин редовно ја посетува Грција, а во склоп на православното единство тие имаат низа на договори за финансиска и воена соработка (иако Грција е во НАТО).

Интересен факт е дека Русија постојано го одложуваше враќањето на финансискиот долг кој го имаше кон Македонија.Ако Русија има добри намери кон Македонија, тогаш зошто постојано наоѓаше изговори да не го врати долгот со водење на преговори со Македонија (денес долгот е вратен).
Русија нема никакви инвестиции во Македонија, со отварање на свои компании или било какви финансиски активности на македонскиот пазар.
Исто така во Македонија се создава  погрешна слика за Путин како руски национален лидер, иако тој допушта голем број на мигранти  во Русија, со кои ја менува нејзината демографска карта, нешто слично како и Меркел.
Како основна линија на поврзаност се прмовира православието, иако Русија не ја признава МПЦ-ОА, тука е и линијата на словенството, а тоа не беше од некоја полза кога Русија изврши инвазија во нашата братска Украина.

Сојузот со Русија и нејзиното влијание е насочено целосно против независна Македонија,со што ќе направат од Македонија вазалска земја  која ќе служи чисто за туѓи интереси а не за своите сопствени, за главен град ќе го има Белград (во сегашна ситуација) а Македонија ќе продолжи да биде само играчка во нејзини раце.


No comments:

Post a Comment