Saturday, 6 January 2018

Крваво коледе

Крвавото коледе, настан кој сеуште е непознат за нашиот народ, историски настан кој можеби најмногу покажува колку нашата официална историографија не може да излезе во лавиринтот во кој сама се постави, на пишување на лаги и митови за партизаните и нивните лидери, а и воопшто за целокупната наша историја.
Настан кој покажува дека во Македонија можеби економски излезе од комунизмот (делумно) но во самото општество и дух на луѓето, тој е дури посилен денес.
Самиот факт што без разлика на која страна од двата големи табори припаѓаат, македонските медиуми не штедеа зборови со кој ги навредуваат и понижуваат оние кои го чуваат овој настан од заборав, прогласувајќи ги за национални предавници (иако од нив нема поголеми патриоти) кажува повеќе од било кој збор да се напише на темата, како комунизмот е сеуште дел од нашите животи.
За самиот настан од историски аспект нема да пишувам, бидејќи за него е напишано многу опширно и сигурно до сега сте прочитале, ако не сте прочитале ќе имате два линка каде што ќе може да ја прочитате оваа трагична македонска приказна.
Национална Борба

Овој пат ќе се ќе се обидам да напишам нешто повеќе како своевидна анализа на настанот.
Многумина македонски патриоти и родољубци, меѓу кои и членовите на Револт, први почнаа гласно да зборат за овој настан, за свирепоста на партизанските ѕверови, за правите македонски патриоти и родољубци кои беа убиени поради тоа што ја сакаа својата родина повеќе од било што на светот.
Крвавото коледе и крвта кое се лееше во 1945, не беше крвта само на млади луѓе, туку беше крвта на Македонија, Македонија крвареше во своето срце и душа, крвареше од оние кои ја загосподарија и уништија, дур се убиваа младите македонски војници се уништуваше последната шанса за остварување на вековниот сон на секој Македонец, обединета Македонија.
Наместо да се борат за своите браќа Македонци, да ги спасат од ужасот, властодржците одлучија да се заборави тоа, а од тогаш за нив Македонците беа само телиња за во кланица, така овозможувајќи си да владеат со Југославија.
Убиствата кои се правеа тој временски период, не беа случајни, туку со сериозна умисла, да се уништи Македонецот, и со тоа да се создаде терен за создавање на една нова Македонија, со ново писмо, нов јазик, нови идеали, кои беа се, но Македонски не.
Така полека се коваше новиот омот, на Македонци без гордост и душа, на Македонци со празно битие, Македонци кои немат ништо заедничко со оние кои гинеа за слободата на Македонија во востанијата.
Валкајќи ги рацете во реки од крв, новите власти беа убедени дека ја уништија идејата која ја носеше Македонецот во себеси, несвесни дека тие може да ги убијат само борците, но идејата нема да можат да ја уништат никогаш, бидејќи идејата кои тие војници ја носеа, за разлика од нивната е вечна и непобедлива, идеја на непокорот и борбата, која секогаш ќе го пронајде својот пат до секоја идна генерација.
На пепелта од овој настан, полека се создаде ова што денес го имаме како Македонец, плашливо човече, кое повеќе го цени туѓото него своето, човек кој го плука своето изворно писмо, човече кое е одалечено од идеите на неговите предци.
Денот на божјото раѓање Божиќ, најрадосниот ден, беше замрачен од свирепите души на комунистите, кои бездушно ги убиваа сите учени и интелигентни луѓе, кои ги гледаа како пречка за остварување на нивните цели.
Измислувајќи закон за заштита на македонската чест, ги убиваа оние кои до крај останаа верни на неа, и не дозволија таа да биде погазена.Каква ли само злоба се крие во црвените кмери, кога тие со таков изговор ги убиваа оние кои беа токму заштитниците на честа на Македонецот.
Убијците и денес се славени од Македонците, носат имиња на училишта, улици, а најжално од се, најбруталниот убиец на македонски војници ја имаа таа чест да токму Академијата на АРМ го носи неговото име.
Така во крвта во која беше облиена Македонија, почна да се создава новиот национален идентитет и дух на Македонецот, кој од него направија соврешен роб управуван со џоистик, склон на самоунитшување, гледајќи во своите душмани браќа, а во своите браќа, душмани.
Историската неправда еднаш засекогаш мора да биде исправена, Македонија ако сака да оди напред, мора да се ослободи од оковите кои со Крвавото коледе и беа наметнати, мора да ги искрши тие окови кои ја држат заробена во едно минато кое одамна е завршено и нема да се врати повеќе никогаш.
Да се ослободиме од духовното робство е многу потешко од било што на овој свет, борба која е болна, но мора да се помине за да се оди напред.
Вистината за Македонија и нејзината историја, посебно во периодот 1941-1945, мора да илзезе на виделина, за да се ослободиме од лагите и нацијата која ја креираа партизаните во таа 1945.
Денес се повеќе млади Македонци читајќи ја забранетата литература, надградувајќи се самите себе, ги следат и се борат за идеалите за кои се бореле и тие што беа крваво убиени на Божиќ.
Ние како млади ја имаме обврската, должноста, да ја издвојуваме конечната победа на вистината над лагите, за од заборав да ги вратиме правите херои и јунаци, кои жртвуваа се за една идеја, за слободна Македонија.



No comments:

Post a Comment