Thursday, 11 January 2018

Арачиново 2000

На денешен ден пред точно 18 години (11.01.2000) на влезот на селото Арачиново беа убиени во заседа тројца припадници на МВР. Една година подоцна, кога започнува војната во Македонија, терористите од УЧК ќе ја презедат одговорноста за оваа заседа.

Тогаш полицајците вршеа рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот тројца полицајци сопреа автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол. На самото место беа изрешетани полицајците:

– КИРИЛ ПЕТРУШЕВСКИ († 23) од Маџари, Скопје
– АЦО АНГЕЛОВСКИ († 26) од Скопје
– ЕРОЛ ГОТАК († 27) од Радовиш

АКО ОД ВЕЧНОСТА МОЖЕВМЕ ДА ПРОГОВОРИМЕ, ЌЕ ВИ КАЖЕВМЕ ДЕКА ХЕРОИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ!

ВЕЧНА ВИ СЛАВА!

превземено од Македонски Бранители



No comments:

Post a Comment