Thursday, 16 June 2022

Дали вреди ?

Само што го отворив блогот и видов дека за два дена правам јубилеј од година дена од кога немам објава на него,  дефинитивно долг период на молк и тотално повлекување од политичката активност, без никакви соодветни активности во ниту едно поле, но едно нешто сеуште е тука, тлее пламенот на идеологијата.

Повеќе луѓе и соборци кои ме познаваат ми пратија линкови од нови страници , блогови, кои објавуваат статии слични на моиве, кои имаат цел за едукација на народот, негово будење, искрено поради немањето на соодветни социјални мрежи кои тие ги користат не ги пратам лично, погледнав дел од нив и навистина се гледа стил и квалитетна работа,  но едно прашање веднаш си го поставувам секогаш : Дали вреди ?


Одговорот секогаш ќе биде од прва : Да, но реално што се добива од блогови и текстови на авторот кога тие не се спроведуваат со реална броба на улица освен лична сатисфакција, таа е важна но многу поважна е реализирањето на тие идеи онаму каде што е местото, не само да ги споделуваш, туку да се бориш за нив, да живееш за нив, а самото нивно присуство во сајбер просторот без борба е безвредно.


Со згаснувањето на РЕВОЛТ кој никогаш и не заживеа во права смисла на зборот ја изгубив и самата волја за делување и на блогот но и општо на политичката сцена, која е суштината на делување на поединец кога не е дел од една организација, која е поентата од читање, анализирање, споделување на идеи кога тие не се реализираат. која е потребата реално од тоа освен само нанесување на лични фрустрации од немоќта нештата да се променат.


Додека крајнитедесни се плашиме едни од други, додека во нашите глави се мотат служби, дебати за историја кои сме, што сме, непријателство и непотребни дебати со преголем фокус на историја меѓу нас самите за тоа дали сме антички, славјани, бугарофили, левицата тотално влезе во сите пори на општество, дојде до голема сума на финасиски средства, креира маркетинг со кои ги заведуваат младите и  ги присвојуваат на своја страна а со самото тоа и го копат гробот на Македонија.


Или кратко кажано додека се делиме поради историја, ние самите ќе станеме наскоро историја како Македонци.


Ако на сите нас МАКЕДОНИЈА е наша мајчица, наша светост, ако сме спремни да се жртвуваме за неа, да сме спремни да дадеме се за неа па ако е потребно и сопствениот живот, тогаш до кога ќе дозволуваме личните наши поделби да бидат пречка во остварувањето на големата и највозвишена цел, а тоа е Македонија на Македонците, аманетот оставен од нашите револуционери, нашите предци , луѓето чија борба ја продолжуваме и кои се хероите кои се нашиот пример во животот.


До кога ќе дозволуваме комунистичката идеологија да не победува, до кога ќе бидеме следбеници на комунистичката доктрина на раздели па владеј која успеа нас да не подели, да не умртви и да не ни дозволи да ја браниме татковината како доликува на луѓе кои постојано читаат, се надоградуваат, се едуцираат и ја сакат својата родина.


Затоа и пораката и до сите оние кои веќе делуваат соло и до оние кои постојано го читаат овој блог е јасна :  


Доста дозволуваме комунистичкиот пропаганден систем да е во нашата средина, да не дели, да прави непријатели од нас и да не уништува, време е да се издигнеме,  да застанеме заедно рамо до рамо, брат до брат, да ја започнеме борба за уништување на комунистичкото јајце на раздорот и да ја извлечеме нашата таковина од канџите на комунистичкото ропство во која таа живее со години.

Борбата за Македонија е света должност за секој од нас,  време е да се бориме за неа на военото поле а не во сајбер просторот, време е да ја издигнеме нашата идеја, идеал, да се жртвуваме за нив, бидејќи без борба нашите идеали се безвредни а на нашата такотвина ја чекат црни денови пред целосно исчезнување.


Без организација секој обид за борба на поединец, волк самотник е безвредна, само организирани во чопор и во директна борба со непријателот можеме да ја оствариме нашата цел, нашата замисла, нашите идеали и да ја воздигнеме нашата Македонија.




No comments:

Post a Comment