Sunday, 18 July 2021

Македонија е Македонска !

 Со секој изминат ден се повеќе провокации доаѓаат кон Македонија за тоа чија е таа, прво беше српската во Белград, а вчера дојде бугарската провокација од Софија.


Навивачката група Legion која е хардкор националистичка група составен дел од навивачите на ЦСКА Софија, Сектор Г, вчера испрати порака на нивната трибина со текст : Македонија земја бугарска ....


Останува фактот дека Бугарија никогаш нема да ги преболи своите национални катастрофи кои се исклучиво поради нивната желба Македонија да ја направат бугарска земја , Сан стефанскиот договор е договорот кој од Бугарија направи најслаба држава на Балканот и наместо тоа да го увидат и да се помират со реалноста, упорно со глава во ѕид се решени да направат нешто што не можело да се направи пред безмалку 110 години, а не пак сега.


Многумина Бугари загинуваат за слободата на Македонија, има многу бугарски чети кои се бореле во Македонија, најпозната од нив е онаа од епопејата на ножот, но дивизата на ВМРО и воопшто на македонското ослободително и револуционерно движење е била повеќе од јасна : МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ !


Македонија е чудна земја, секој сака да е негова,  сечија, а всушност е ничија и своја на своето, Македонија е Македонска и нека им стане јасно на сите од четирите страни на нашата граница, како што гласи една од навивачките песни, Македонија на Македонците била секогаш и ќе остане.


И на крај мора да се искоментира иронијата за тоа хардкор националисти да навиват за клуб кој е на цело комунистички, со црвена петокрака, со комунистичко име, основан од комунистичката партија, а нивните навивачи глумат антикомунисти и националисти.









No comments:

Post a Comment