Sunday, 26 June 2022

Самоубиство

 Еден текст напишан пред неколку години  МРТВИОТ НАРОД во кој ја напишав суровата вистина дека ние Македонците сме мртов народ, но сепак дојде време да се напише и за уште една поголема вистина а тоа е дека ние самите извршивме САМОУБИСТВО, а не дека тоа е поради тоа што постојат големи сили кои нема мирно да спијат додека не го уништат славниот "величествен" македонски народ.


Ние сами го земавме пиштолот во раце, го ставивме на нашата слепоочница и без да размислуваме ниту секунда го испукавме куршумот и си пресудивме самите на себе, како народ, како држава.


Егзодусот кои сами си го приредуваме е пострашен од било кој егзодус предизвикан од надворешен фактор, масовното иселувње од сопствената држава, бегањето по секоја цена од неа, го доведува во прашање целото наше биолошко постоење како народ, а да не зборуваме за културошкиот и идентитетско битисување на Македонците во светот.


Патриотизам не е веењето знамиња, пуштањето патриотски песни на собири, пиењето ракија, јадењето мезе и исилното изикување на маса МАКЕДОНИЈААААААА, МАКЕДОНЦИ СМЕЕ, туку патриотзам значи чување на сопствениот дом, на сопственото огниште,  саможртва во интерец на сопствениот народ, држава, постојана борба против Власта која ја окупира татковината а не бегство во друга држава.


Џабе веењето знамиња, џабе пеењето песни , џабе чукањето во гради колку ја сакаме Македонија кога сте заминале од неа, кога вашите деца ги растете во друга држава , друг дом, друга култура, кога тие самите ќе превземат понатаму друг идентитет, кога го напуштвите домот на своите предци, кога ги оставивте вашите родители сами, кога ги запустивте селата/градовите во кои тлеел македонскиот непокор низ сите овие години, кога вие со решавањто наместо да бидете патриоти и да се борите за подобра иднина во вашата сопствена земја и татковина се решавата масовно да ја напуштате, да бегате од неа и со самото тоа да бидете директни учесници во нејзината бавна и болна смрт.


Со пеењето песни, веењето знамиња и очајни монолози како ја сакаме нашата Македонија ама ете сме морале во туѓина нема да се избрише грижата на совест дека сте си пресудиле на сопствениот народ и државата.


Додека дискутираме за историјата која ја браниме без да ја прочитаме и познаваме полека но сигурно ние самите стануваме историја.


Кога народот е мртов тој може да воскресне и да се врати на правиот правиот пат, со народни будители, посветена младина, тоа ќе воскресне и ќе се издигне како феникс,  но кога ќе се изврши самоубство, кога ќе се убие татковината, домот, семејството, родината, тогаш спас нема, тогаш семето ќе секне а и со самото тоа ќе изумре македонското за век и векови, ние како генерации заради нашиот личен комфорт и комидитет решивме да го убиеме сопственото племе, да ја затруеме сопствената крв засекогаш.



(сликата не е случајно избрана, слика од протестот против Талат Џафери, денот кога Македонците сами си го ставија пиштолот на глава и решија да си пресудат самите на себе)

No comments:

Post a Comment