Tuesday, 26 March 2019

Кога тогаш вистината ќе излезе на виделина

Гледајќи го спотот за песната Нешто ќе те питам бабо во изведба од Некст Тајм,  првата помисла која ми помина на глава е, конечно, конечно спот и изведба на песната од македонски изведувачи, конечно  се развеа бајракот на слободата, црвено-црното свето македонско знаме.


До пред не повеќе од 5 години, тие што ќе ја слушеа или пееа песната Нешто ќе те питам бабо, беа сметани за предавници и изроди, бугарски платеници и слуги, анти Македонци, за нив се пишуваа статии во весници, се линчуваа јавно луѓето кои јавно ја пееа и бараа оваа преубава македонска народна песна, а денес таа ечи во домот на секој Македонец.

Toа значи дека конечно доаѓа времето на МАКЕДОНШТИНАТА, македонизмот, удбашкиот национализам и сите други лаги за тоа што е Македонецот ќе завршат, ќе се дознае вистината за Организацијата, ќе паднат маските на лажни херои кои денес ги славиме, а вистинските херои ќе го добијат местото кое го заслужуват, ќе ја дознаеме вистината за периодот помеѓу двете светски војни, а можеби најважно од се ќе се дознае вистината за Македонија во Втората светска војна а не лагите кои сега се сервираат, додека  црвено-црното знаме на слободата ќе се вее во секој македонски дом.




За крај едно е сигурно, борбата продолжува, а еден ден наскоро, конечно Македонија ќе живее во слобода, а не во робство !



No comments:

Post a Comment