Wednesday, 26 June 2019

Како понатаму ?

Едно од прашањата кое сам себе си го поставувам по се тоа што се случи во земјава, е што да се направи , како понатаму ?

Ме немаше долго време на блогот, едноставно немав никаква мотивација нешто да напишам, на кого да пишувам кога овој народ е решен да оди во бездната со својата глупавост, кој ќе ме разбере, дали еднаш ќе се реши да се бори за својата држава, а не за својот стомак.

Разочаран од  околината а најмногу од самиот себе, дали направив доволно, дали можев повеќе, зошто нема активни на улица да се борат за родината, дали сето ова има смисла, можеби најмногу што ме боли е како да го прифатив поразот, едноставно кога твојот народ го сочинуваат идиоти и кукавици, зарем е возможно да победиш.


Бедата која длабоко навлегува во самиот тебе, која те фрла на колена е едно поразително чуство кое убива длабоко во тебе, те прави плашило кое не може да функционира, немоќноста да промениш нешто те гризе секој ден се повеќе и повеќе, те гризе онака болно, те боли и срце и душа толку многу што внатрешно силно врискаш од болка, а глас нема, а и да го има, дали воопшто некој ќе го чуе.

Соборците исто, дел од нив и со свој перипетии ме направија уште подемотивиран за било што, но секој од нас знае дека можеме и мораме повеќе, па редно е да пробаме зарем не.


Размислувајќи што понатаму во својот живот, сфатив дека ова е нешто кое ми е навлезено толку во крвта од што не можам да побегнам, толку многу го посветив животот во оваа борба по што немам право да се повлечам, туку напротив да излезам на прва фронтална линија и да се борам до крај, како што сум пишувал, како што сум бил и како што треба да бидам.


Време е за нов проект, кој со мала ама одбрана група на луѓе ќе  се обиде да ги мрдне работиве од мртва точка, да го разбуди целото наше движење на улица, да се вратат старите и дел незапочнати проекти , да го вратиме РЕВОЛТОТ таму каде што припаѓа, затоа што е време за РЕВАНШ од наша страна.

Не сакам да бидам живиот мртовец кој е жив биолошки а мртов како битие, сакам да живеам да се борам па макар тоа ми донесува само страдање и немир како досега, бидејќи луѓето се паметат по делата кои ќе ги остават позади себе, а какви ќе оставиме ние, зависи само од нас.



No comments:

Post a Comment