Wednesday, 27 February 2019

ИМЕТО (НЕ) НИ Е ИДЕНТИТЕТОТ

Една од најчестите заблуди со кои се соочуваме во последно време е дека името на државата е идентитетот, напротив, името на државата не е идентитет, туку името на татковината и родината кој го носиме длабоко во нашите срца, кои го пренесуваме од генерација на генерација, од колено на колено.

Државата е правна форма која не е од траен карактер, сите држави имаат свој почеток и свој крај, дел од нив престануваат да постојат трајно, дел се припојуваат во федерации па излегуваат од нив, дел се освојувани па се ослободиле и се така до недоглед, што покажува дека идентитет не може да се поврзува со држава.

Идентитетот е чуство, чуство кое тлее во секој од нас, кое се стекнува од самото раѓање, кое јачи со годините кои доаѓаат,  идентитетот е песната која ја пееш, химната на која трепериш, знамето кое го бакнуваш и чуваш како зеницата на своето око, а тоа не може да го поврзиш со држава која има почеток и крај, бидејќи идентитетот е нешто вечно.

Вистинската суштина е што Македонецот од крајот на Балканските војни па до денес има голема криза на својот идентитет, што резултираше со губиток на името на државата, кој не е единствен проблем во морето од проблеми во кој тој живее.


Името на државата за светот ни беше ФИРОМ, па повеќето не нарекуваа Македонија, а и сега кога сме Северна Македонија, ако пееме наши песни, ја промовираме нашата култура а не српскиот џанкерски турбофолк, тогаш повторно за сите ќе сме Македонија и ништо друго.


Можеби името Северна Македонија треба да биде идеалот и сведоштвото за најголемата неправда нанесена кон нас, Букурешкиот договор, да биде црнилото кое ќе го носиме на душа и сочуство со нашите браќа се дур не ја создадеме Обединета Македонија, па тогаш да сме навистина МАКЕДОНИЈА, онаа Македонија на Македонците за која се бореле нашите предци.

Нека името Северна означува дека има и други делови од Македонија кои ќе треба да се припојат кон неа, за да ја имаме Македонија Швајцарија на Балканот, или Независна Држава Македонија, сеедно, но тоа име доколу знаеме да се поставиме ќе биде нашето најсилно оружје пред светот, а не пораз и понижување кое е во моментот, поради постојаната потреба на нашиот народ да биде ПАТЕТИЧЕН до крајни граници , а и КУКАВИЦА за жал.


Може да се пишува многу и многу на таа тема, но фактот е еден, името Република Северна Македонија е пораз во една битка, но не и пораз во војната за нашиот идентитет.

Државите се создаваат и се губат, се обновуваат и стекнуваат, но идентитетот е траен и вечен, а редно е да почнеме да си го спознаваме и практикуваме, затоа што синоним за прави морални и човечки вредности, нешто кое го немаме веќе повеќе од еден век, поради неговото изменување од страна на коминтерната и АСНОМ.



No comments:

Post a Comment