Saturday, 16 February 2019

Етикета фашист

Етикета фашист, е политички израз кој се користи од луѓе без никакво познавање на политички идеологии, со кој тие сакаат да го деградираат противникот спроти себе, без притоа ни да знаат што всушност зборот фашист значи.

Во Македонија од 2006 до денес владеат некакви "фашистички режими" се прават "антифашистички револуции" што е толку смешно , но многу повеќе трагично, објаснувајќи зошто сме последни во сите рангирање за било што на овој свет.

Прво го имавме фашистот Пајо Паторот против кого се бореше Шарената "револуција" со слоганот СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ (СФСН).

Денес нивните противници водат иста битка, против некаков "фашистички режим", фашистот Зајко, со истиот слоган.


Е сега лесно кој има два грама памет (не мора ништо повеќе) да сфати дека не може едниве и другиве да бидат фашисти, али ајде, поминува тоа, се пали раја.


Самото етикетирање со зборот фашист на противникот во главите на тој што ја лепи етикетата значи дека неговата борба е возвишена, се бори против најголемото зло на светот, а всушност покажува и докажува дека е глуп и коефициентот на интелигенција му достигнува зимски температури.


Најголемата лага е  нашите дедовци се бореа против лозингот смрт за фашизмот , слобода за народот, што нема допирни точки со историската вистина.

Во историјата Македонците користат само два лозинга, МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ,  а вториот е НА СОЛУН, НЕ НА СРЕМ.

Лозингот СФСН го користат Југословените , а никогаш Македонците.

Во списанието Илустрација Илинден, Анастас Лозанчев еден од тројцата членови на главниот штаб  на Илинденско-Преобарженското востание ќе напише : Да живеат божјите пратеници Хитлер и Мусолини и нивните славни народи !

Само оваа реченица е доволно да се срушат сите митови за Македонците како антифашисти, но тоа во друг многу обемен, сеопфатен текст кој ќе биде на оваа тема.

На крај Лозанчев лидерот на Илиденско-Преображенското востание, Христо Татарчев првиот председател на  организацијата, никогаш не го прифатиле АСНОМ и неговиот југословенски карактер, што покажува уште еднаш дека нашите дедовци никогаш не го прифатиле лозингот СФСН.

Затоа во вашите битки не го користете зборот фашист и фашистички режим кога не знаете што тоа значи, а топло ви препорачувам да почнете и да читате книги од политичка тема, за да не сте трагични со вашите коментари.

No comments:

Post a Comment