Saturday, 5 May 2018

Ден на храброста - парада

6 Мај е православниот празник  Ѓурѓовден, кој исто така воедно е  и ден на храброста.
Во чест на овој празник во соседна Бугарија се оддржува секоја година, воена парада, а самиот ден е прогласен за национален празник на нивната армија.

Сепак тоа и не е толку важно колку што е за одвојување фактот дека за прв пат во модерната историја АРМ ќе учествува на оваа парада, со што почнуваат да се враќа поврзаноста воена помеѓу Македонија и Бугарија како што постоела за време на Првата светска војна.

Да не заборавиме најголемата воена формација составена од Македонци е Македонско-Одринското опоплчение (МООП), во рамки на Бугарската Армија која се бори за ослободување на Македонија.

Исто така многу малце се споменува фактот дека токму Бугарија прва ја призна Македонија, а во времињата кога српско-шовинистичката машинерија сакаше да го сопре прогласувањето на независност на Македонија, токму Бугарија и нејзината армија беа гарантот дека со влез на српските војски  против Македонија, Бугарија ќе и објави војна на Југославија.

Денес ваквите поврзувања помеѓу Македонија и Бугарија се многу значајни, бидејќи мора да имаш сосед пријател во ситуација кога друг сосед и големо внатрешно малцинство сакат да ја поделат Македонија на два дела.
Самата понуда на Бугарија воено на учествува на страната на Македонија во било каков воен конфликт доколку тоа е потребно, ќе ги направи малку повеќе да размислат сите оние кои сакат да ја повторат 2001, но воедно ја остава цела одговорност за зачувување на Македонија само во раце на Македонците и нивната способност на менаџираат и водат држава.

Сите комунистички медиуми на секој начин сакаат да го оцрнат овој настан и АРМ, бидејќи тие сеуште живеаат во 1949 година, и иако не постојат повеќе Голи Оток, партиските директиви, сепатк тие сеуште се плашат од нив, живеат според нивните приципи по кои  Македонија треба  да биде изолирана и затворена земја, која ќе биде лесен плен на сите нејзини противници, отпад и најзаостаната на Балканот.

Обновувањето на историските врски на двете армии кои во минатото војувале рамо до рамо, заедничките интереси и цели, засилени со взаемна почит и прифаќање на сегашните состојби и на историското минато , ќе продолжат да градат силни врски на пријателство и братство помеѓу Македонија и Бугарија која е природна потреба за двете земји, еднаш засекогаш да расчистат и да го победат комунистичкото зло кое сакаше да не раздели и од нас  се обиде и сеуште сака да направи најголеми непријатели.






No comments:

Post a Comment