Saturday, 26 May 2018

Бајракот на слободата

Полека но сигурно доаѓа летото, кое ќе биде и тоа како врело и на политички план, ќе се случуваат разни настани во кои од многу ќе зависи иднината на постоењето на Македонија.

Како што видовме на ТВ дуелот, двете партии се тотално исти, не дека тоа не го знаевме, но сега се увиде дека се тотално безидејни и дека освен обвинувања едни кон други, немат ништо што да понудат.

Кога веќе тоа е познато, многу важно e eкипирањето и делувањето на свесните  македонски патриоти и родољубци, кои повеќе не може да бидат пасивни односно мора да се обединат во свето јато.

Црвено-црниот бајрак на слободата е тој под кој ќе треба да се обединиме сите  и да делуваме заедно и обединети, без разлика на нашите разлики, сите ние имаме еден заеднички мотив кој не обединува повеќе од се, а тоа е Македонија.


No comments:

Post a Comment