Monday, 21 May 2018

Илинденска Македонија

Сите очекувавме и бевме свесни дека оваа Влада по секоја цена ќе го реши спорот за името, но тоа очекувавме да биде со географска одредница а никако со име од нашата славна историја како Илинденска Македонија.

Самиот предлог искрено ме изненади , вчудоневиди , а воедно ме стави во тесно, бидејќи ниту очекувавме ваква бомба, а секако дека кон ваквото нешто реагираме со измешани чувства, од една страна ова е позитивен предлог, но од друга страна тука е сомнежот за неговата искреност и што тој всушност ќе значи на крај.

Оваа Македонија која денес ја имаме е навистина Илинденска Македонија, создадена од борбата на нашите илинденци и нивната саможртва, но колку тоа треба да е и официално име на државата, е вистинското прашање кое некако тешко да го пронајдам како одговор.

Самите преговори и барање на компромис се на некој начин пораз, бидејќи секако и двете страни на масата ќе направат според нивен поглед бар еден предавнички чин.

Македонија не би требала да го смени своето име поради тоа што Грција сака да  има монопол над името Макеоднија, нешто за која таа нема никакво право ниту историски ниту правно.

Друг проблем на погрешно дефинирање на проблемот е дека нашето име е Република Македонија, кога тоа не е така.
Нашето име е Македонија, додека Република е државното уредување, кое е од минлив карактер, бевме Социјалистичка Република, Народна Република, сега сме само Република, што не значи утре нема да сме Кралство или друг вид на државно уредување кое со себе ќе донесе и нов назив на државата чие што име е Македонија.

Значи не е проблемот во називот Република Македонија кој историски лесно се увидува дека е од минлив карактер, туку проблемот е исклучиво во името Македонија.

Ете тоа ќе го посочам со примерет Република Илиденска Македонија и Илиденска Македонија.

Во првиот случај името на државата е Илиденска Македонија, додека во вториот случај е Македонија, додека Илинденска е државно уредување дека Македонија се уредува според политички прописи и прогласи од Крушевската република и Илинденското востание.

Затоа и самото име Илинденска Македонија за мене е прифатливо и соодветно без префиксот Репбулика во самото име, но на тоа никако нема да се согласат Грците.


За името Република Илиденска Македонија е сигурно подобра и попатриотска опција отколку сегашното навредливо име ПЈРМ, поранешна југословенска Република Македонија.


Сега останува да видиме што ќе ни се понуди на референдум (доколку го има) како конечно решение на спорот за името и дали тој ќе биде прифатлив или понижувачки.







No comments:

Post a Comment