Sunday, 8 April 2018

За верата

Верата тоа мистично нешто кое не опкружува, најголемата слобода која ја има човекот е токму неговиот избор да верува или не во нешто, да се издигнува верски и морално борејќи се и победувајќи ги своите страсти, достигнувајќи ниво погоре во своето воздигнувања, на многу често и паѓање надолу.

Секој сам има право да бира дали ќе биде религиозен или не, во политчката борба не имa секакви, но денес се решив да не пишувам за нашата политчка борба, туку да го напишам овој текст како еден мирјанин и верник, а најмногу како човек.

Верските празници а посебно оние најголемите се моментите во кој нашиот народ се одава на верата, чувајќи ги традициите оставени од нашите предци зачувајќи ги вредностите на православието, но за огромна жал тие вредности ги искривуваат градејќи од нив една нова паганска верзија на православието, која нема ништо општо со нејзиниот корен, верувања, душа , срце и битие кои се христијански.

Верата која ја одбираме треба да ја следиме правилно колку можеме, знам и самиот дека сум грешник и далеку од совршен, но се борам самиот со себе моите страсти и желби , победувајќи ги и трудејќи се да се доближам колку може до совршеното религиско битие.

Кај нас луѓето имаат толкувања на празниците кои се да ги задоволат нивните лични страсти како битија а не да бидат покорни чеда кои веруваат во Христа и Бог, славејќи го неговото име и најважно од се почитувајќи ја суштината на празникот.

На самиот блог веќе пишував за огновните и нивното богохулење за тоа како во сред пости се злоупотребува еден ден кој е свет и христијански за пиење, ждерење, јадење и задоволување на земните страсти Бадникарски огнови .

Кога се одлучувате да славите верски празници и да практикувате православни обичаи, тоа е ваш личен избор со кој треба да бидете свесни на неговите последици и дека треба да ја почитувате верата, нејзините строги правила, бидејќи доколку правите спротивно од тоа, вие само ги навредувате луѓето кои вистински веруваат, но ја плукате и самата вера која наводно ја практикувате.


Одењето во црква не е модна писта, каде што вие ги покажувате вашите најскапи шминки, го истакнувате вашето секси тело обидувајќи се да ги привлечете очите на машките во црквата да бидат директно вперени во вас.
Самата црква и религија наведува дека во црква одиме со покриени нозе и тело, девојките и со марама на коса, на тој начин покажувајќи понизност кон Бог, но и еднаквост на сите негови чеда пред него.

Покрај тоа шминката е забранета, односно сите пред Бога треба да сме природни со нашите лица, исто така не носејќи ниту накит и златни часовници на тој начин покажувајќи го нашиот земјен статус пред Бога, како што прават пак мажите, бидејќи за Бог сите сме исти и еднакви.

Празничните софри не треба да се место на алкохолизирање злоупотребувајќи го името божје, туку место каде што ќе се собере семејството, каде што ќе размени љубов, смеа, радост, каде што остатокот од гозбата не се фрла во кантата за отпадоци, туку се дарува на тие што немаат, без разлика дали се луѓе или животни.

Бидејќи основата на верата е љубовта, дарувањето и желбата сите да се сплотиме во едно.

Дури и да не верувате во Бог кое е ваше лично право како личности, почитта кон религијата и нејзините одредби  е пожелна, бидејќи таа не прави ништо против вас освен што ве врзува со семејството, со вашите сакани и ве учи на љубов и разбирање.


За крај нека ние јасно на сите, одењето по верски храмови и празнувањето на верски презници не е задолжително, морално, туку право на избор, а доколку изберете да празнувате и да одите по тој пат, почитувајте ги неговите правила и закони, а не смислувајте ваши и да правите од нив едно исмевање и богохулие.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !




No comments:

Post a Comment