Wednesday, 25 April 2018

Играорци од 1949

2018 година е годината во која живее светот, а нашава мила родина Македонија е сеуште заглавена во 1949 година.

Играњето на оро за отварање на еден најобичен тунел е воспоставена практика од страна на комунистите уште  во почетокот на нивните години, кои успееа да ја заглават Македонија во 1949 година и да не мрдне ниту инфрастуктурно, нити интелектуално ниту духовно понапред од неа.

Работните акции кои се случуваа во тој временски период, "градење" на патишта и железнички пруги, по што самото прославување на работничката акција се завршуваше со голема веселба, ора, пеење песни за маршалот и се играше оро.

Пред неколку дена повторно имавме прослава во која се играше оро, свиреа тапани, се величеше лидерот, иако за патот што се вели ни прашината не ја тргнаа од него.

Самото прифаќање на овие работи како нормални појави во нашето општество, е најголемиот доказ дека иако технички не, суштински ние сеуште сме заглавени во добата на комунизмот.

Дали ќе почнеме да си градиме септички јами и да не се давиме у гомна, дали ќе почнеме да имаме водовод во селските средини, дали ќе почнеме да градиме училишта за деца, дали ќе ги реновираме болниците, дали ќе изградиме пензионерски домови, дали ќе изградиме нов национален парк и.т.н.

Нема , затоа што ние сеуште сме за другарот Тито иако тој е мртов, нема затоа што ние не сме научени да сакаме и да градиме држава, туку чекаме државата да ни даде шанса да ја крадеме постојано.

Затоа заостануваме зад целиот свет, затоа младите и талентирани луѓе веќе ја напуштаат Македонија, а тие што остануваат се мислат колку вреди да се остане во неа.

Време е да заврши 1949 година и да влеземе во 2018 година, како и цел нормален свет.


No comments:

Post a Comment