Thursday, 8 February 2018

ЗДРАСТВО

Здраството е еден од основните белези по кое се препознава развиено општество, неговиот социјален карактер и за тоа како државата се грижи за своите граѓани.
Еден од основните белези во која се забележува успешноста на Власта е тоа како фунцкионира овој оддел , кој е еден од најзначајните.

Во Македонија како што сите сме запознаети здраството е катастрофа.Тоа е така поради тоа што политичките партии во него не гледат сервис како да ги заштитат своите граѓани, туку богата нива за местење на тендери за лекови, материјали и.т.н.

Нашето здраство има мал милион на проблеми, па ќе почнам еден по еден дел од нив да анализирам, бидејќи стварно се премногу.

Прво немањето на доволен број доктори.Од 220 доктори кои завршуваат медицина, дури 173 ја напуштаат Македонија.
Во Македонија имаме болници без доктори или со доктори пензионери кои почитувајќи ја хипокретовата заклетва, наместо да го користат заслужениот одмор со своето семејство, тие не лекуваат нас.
Покрај недостатокот на доктори, туку е и недостатокот на болничари, луѓе кои ќе обрнат внимание на пациентите за нивно соодтвено пренесување од еден во друг сектор, сега тоа го прават најблиските, ако немаш блиски во близина ќе молиш туѓинци да те подигнат и транспортират од еден до друг сектор.
Недостатокот на персонал е воочлив во речиси секое одделение во Македонија.

Фармацевтската мафија, слабите лекови, долгите тендери, немањето на одредени лекови со месеци , кои треба да се обезбедат од ФЗОМ е уште еден проблем, проблем за чиј што виновници лесно може да се пронајдат во Преродбениците и борците за Живот (смрт).

Несоодтвените хигиенски услови се уште еден проблем, немање на соодтветни кебиња,  соодтветни санитарски услови, немање на сапуни, тоалетна хартија и останати средства потребни за оддржување на хигиена, како на пациентите, така и на самиот персонал во болниците.

Пациентите и немањето на здраствена култура уште еден проблем, не се почитуваат докторите, немање на сенс за чекање на ред (влегување преку ред) што ја отежуваат и така тешката состобјба во здраството.

Зградите во кои се наоѓаат болниците, се згради кои од кога се изградени не се реновирани, ниту комунистите, ниту нивните наследници (со мали исклучоци) немале никаква потреба да ги реновираат болниците, да изградат нови згради, да ја подобрат ситуацијата во здраството.

Самите политичари, кои донесуваат закони со кој докторите ги направија адмнистративни работници наместо лекари кои се грижат за нашето здраство.Се борат за го скратат секој денар, се со цел да има повеќе за нивните апанажи.

Еден од примерите како политичарите ги злоупотребуваат пациентите и си подигруваат со докторите е случајот со големата смртност на новородени дечиња.
Кога се во опозиција виновна е власта, кога се на власт, виновни се родилките.А вистината вина е во очајните услови во кои се самите родилишта и заминувањето на најдобрите доктори во странство.

Во Македонија здраството е најболен дел од нашето општество, на кое му е потребно итно лекување, но тоа нема да дојде од владеачките елити на крадци, туку од идеалисти кои би ги замениле во Власта.


No comments:

Post a Comment