Monday, 26 February 2018

Игри со народот

Нема македонски политичар, нема македонска политичка партија која не се повикува на народот. Тие секогаш во своите говори и своите политички програми го издигнуваат народот над се, но во суштина го понижуваат и си играат курташак со народот на илјада начини на кои тие сакат.

Повеќе од јасно е дека народот треба да служи на државата, но нашите политичари вешто тоа го говорат како државата треба да служи на народот, а во практика и народот и државата им служат на нив.
Често го користам терминот игри за народот, но овој пат ситуацијата е поинаква, како политичарите си играт игри со народот, како го цепат и уништуват за свои цели.


Сега сите сме во фокусирани на настаните кои претстојат, граѓански протести за одбрана на името (име изгубено уште далечната 1993), спомениците и дали ќе има или не нивно отстранување, а се крие цела неспосoбност на државните институции создадена од двете партии како што гледаме со снегот.

Спомениците се една тактичка игра со народот смислена од двете политички партии која многу мудро ја играат.
Првите поставуваат споменици, со донации од некакви чудни здруженија, споменици кои никогаш не ги легализираат со цел да остават шанса на другите да ги срушат.
Самата легализација на спомениците можеле да ја извршат за 5 минути, но тоа е дел од големиот план со кој тие си играат игри со нашиот народ.
Овие  другите користејќи го фактот дека со закон не се легализирани спомениците, ќе почнат да ги рушат, под мотото, ги рушиме остатоците на режимот и грдата архитектура.
И додека ова се случува, народот за тоа се дели на две страни која од која потуѓа, со што не може да се обедини и да делува за заштита на државата, односно е под целосна контрола на политичарите кои го поробуваат и целата енергија на народот ја трошат тој да се истребува меѓу себе, наместо да направи нешто корисно за државата и против политичарите.

На тој начин се скротува и заробува енергијата на народот, а нашиот народ кој е над 90 % политички неписмен е сосема лесен плен за манипулација.
Тука ги ставаме и разните мегафони, лажни новинари кои се преставуваат како "гласот" на народот, напаѓајќи ги и едните и другите кобојаги, со што долеваат дополнително масло и го разгоруваат  оганот во кој народот се дели на два големи табора (нормално политички писмен човек не припаѓа на ниту еден од нив ).


Други манипулации се откажувањето на посети на одредени меѓународни манифестации, со кој Албанците покажуваат надмоќ во државата, со што целта е потанцијално да ги разгоруваат меѓуетничките тензии, покажувајќи кој е газда во државата а кој слуга.Сепак Македонецот толку фокусиран на горната игра креирана од политичките елити, наместо да им се спротистави на ваквите анти државни чинови, тие се фокусирани на тоа дали споменици ќе се рушат или не.

Ни спремат ЛГБТП група во собрание, чија што цел ќе е да го смени за век и векови традиционалното семејство во Македонија со што ќе нанесе илјада пати поголема штета  на националните вредности отколку спомениците, но и тоа поминува незабележително.Нивните права - наша смрт !  ЛГБТП Собрание (доколку повеќе сте заинтересирани прочитајте ги двата линка ).


Така политичарите постојано спомнувајќи го и повикувајќи се на народот, тие всушност му поставуваат замка, користејќи ја неговата политичка неедуцираност благодарејќи на комунистичкиот режим, да го месат како тесто како сакат за да ги задоволат своите потреби.



No comments:

Post a Comment