Saturday, 24 February 2018

(НЕ)Легални споменици

Спомениците и нивната легалност се повторно на тема од кога беше срушен споменикот на големиот македонски револуционер, Андон Лазов Јанев познат во народот како Ќосето.
Тоа е врвот на понижувањето и дегридирањето на ликот и делото на овој револуционер, започнато од претходната власт.

Главната поента е што овие не го легализирале споменикот толку време, а овие едвај чекаа да го срушат, демек ја срушиле диктатурата, а тие не ја срушија туку ја усовршија диктатурата за да имаме полициска хунта.

Сакам јавно да прашам зошто град Скопје кој не е надлежен, го руши овој споменик ?
Дали нелегално поставен споменик , треба да се сруши исто така на нелегален начин ?
Дали ако ги напаѓавме тие што ги поставуваат спомениците ноќе, не сме исти како нив чим ги рушите исто така ноќе ?

И многу поважни прашања, кога ќе паднат дивоградбите на Скендербег, УЧК (двоглавниот орел) како и споменикот на Јосип Броз Тито поставен како одговор од комуњарите на проектот Скопје 2014 ??

Дали овие нелегални споменици ќе ја имаат судбината на Ќосето, или уште една ќе докажете тоа што го зборам дека Македонија не е македонска, туку албанско-југословенска и најжално од се антимакедонска држава.


No comments:

Post a Comment