Friday, 4 August 2017

Двојни аршини

Како што реков многу пати до сега, кај нас имаме лажни борци, кои се борат за лажни идеали, пред се мислам на ГДОМЦИ и Шарените.

ГДОМЦИ се утепаа борејќи се за националните права и чест, додека спротивните Шарени за човекови права и еднаквост на сите.
А во Овчарани мала група Македонци е приведена поради тоа што се Македонци, малтретирани од тајната служба на најдолен начин, казнети  поради своите национални чувства, а за тоа ниту збор никаде.
Ем прекршени националните права и чест како зборат ГДОМ, ем основните човекови права за кои трубат Шарените, но ниту едните ниту другите мрднаа со прст, не се понудија да ги прашат тие момци како се, дали им е потребно нешто , да се понудат да им ја платат казната и.т.н.
Борбата нивна е само кога е некој од нивната група кој е спремен да краде од народните пари, а оние кои се слободољубни патриоти и Македонци кои нема да им бацат газ на двајцата лидери, и со самото тоа се небитни и не постојат.

Имаме и контраст кога група на заблудени левичари за кои веќе пишував прават "протест" за да го задоволат своето его, и притоа ќе го добијат цело медиумско внимание.


Останувам зачуден од тоа на илјадници борци за Македонија и илјадници борци за човекови права, ниту еден не се сети да ги посети или да напише бар ред два во знак на морална поддршка на дечките кои ја промовираа Македонштината  онаму каде што е најтешко, во Овчарани.
Одговорот е што овие момци се непокорни идеалисти, а не профитери како баграта удбашка.

No comments:

Post a Comment