Thursday, 10 August 2017

Зошто Илинденско-Преображенско востание ?


Многу често се поставува прашањето зошто се користи терминот Илинденско-Преображенско востание наместо официалниот термин во Македонија Илинденско востание ?

Причината за тоа е што ова востание Илинденско-Преображенско е востание кое е организирано од страна на иста организација која се викала ВМОРО (Внатрешна МАКЕДОНО-ОДРИНСКА Револуционерна Организација) и самото име кажува делува на територија на Македонија и Одринско.

Второ одлуката за подоцнежно дигање на востание оа Одринскиот револуционерен округ е во согласност во востаничкиот план за акција и делување.

Ревизијата на четите во Одринско ги врши ни помалку ни повеќе туку лично Гоце Делчев, кој на враќање од ревизијата во Одринско и неговите припреми за ревизија на четите во Македонија загинува на 4 Мај во село Баница.

Самите лидери на Странджанска Република се дејци на организацијата.

Самиот почеток на востанието е со зборовите на Христо Силјанов кој по избувнувањето на голем број пожари и по грмежите на бомби и пушки ќе изјави :
Тоа беше поздрав кон борците во Битолско од востанатите нивни браќа од Странџа

Може да се пишува уште многу повеќе но ова кратко четиво треба да е доволно за полека да го отфрламе комунистичкиот термин за востанието а тоа е Илинденско Востание и да го користиме правилниот термин а тоа е Илинденско-Преображенско востание.

                                                       (војводи на ВМОРО во Одринско )

No comments:

Post a Comment