Sunday, 13 August 2017

Струмичките студенти

Струмичките студенти, пет на број беа ѕверски убиени од страна на комунистичката власт на 13 август 1951 година во подножјето на планината Беласица, од кога прво беа измачувани а потоа убиени со по два истрела еден во срце вториот меѓу очите, а Белев е со две прострелни рани во главата.
Струмица како град бил затекнат од новините кои ги носела со себе комунистичката власт, како што се забраната за борба за независна Македонија и присилната колективизација.
Тоа допринело до пројавување на голем бунт меѓу струмичани, бунтови кои ќе го привлечат вниманието и на ЦИА која постојано ги прати овие настани.
Струмичката гимназија станува центар на оваа борба на Струмичани против комунистичката власт.
Првичниот бунт започнува на 1 Мај 1946 година, кога голема група на струмички гимназијалци извршува акција на делење летоци низ Струмица со текст : Долу експонатите на србизмот Димитар Влахов, Лазар Колишевски, Михајло Апостолски и нивните другари ! Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев.
Треба да се напомене дека во 1946 година ликот и делото на Гоце Делчев и Даме Груев сеуште биле спорни за тоа дали се позитивни или негативни историски личности.
Ваквиот настан ја алармира комунистичката власт во Струмица која почнува со серија на масовни апсења на струмички гимназијалци, нив 25, кои по серија испрашувања се однесени и на суд, каде што се осудени на затворски казни во Идризово.
Таткото на лидерот на оваа група Методија Калкашлиев е убиен без судење.
По завршувањето на казните струмичките гимназијалци секој тргнува на свој пат, некој бегат во илегала преку Грција во Бразил а другите го продолжуваат своето образование.
Покрај сите опструкции струмичките гимназијалци, веќе студенти успеваат секој благодарејќи на својот интелект и знаење успеваат да запишат факултет каде што биле одлични студенти.
Во 1951 година летото се враќат во својата Струмица каде што го поминуваат својот одмор со своите љубени девојки во градскиот парк на ноќните игранки.
Токму по една ваква игранка тие се киднапирани од страна на УДБА и силно измачувани и тероризирани а со секој удар им извикувале : Ете ви за Гоце, ете ви за Даме, сакате независна Македонија , ете ви и за независна Македонија.Тоа траело се дур не било решено да бидат убиени во Беласица, во изрежирано бегство.
Струмичките студенти со врзни раце и со физичка истоштеност се префрлени на Беласица каде што и како што е горе напишано се стрелани.
Оваа вест одекнува како силна бомба во Струмица, и се јавува голем револт помеѓу струмичани.
Од кога сфатиле каква грешка направиле комунистичките власти тие на секој начин сакале да ги затишат револтот на струмичани, со прогласување на студентите за државни непријатели, со сценарио дека сакале да бегат преку граница , дека биле од групна ВМРО која се борела против народното единство на Југославија и.т.н.
Наредба било закопувањето на биде ноќе се со цел никој да не присуствува на погребот, но тоа уште толку ги разлутило струмичани кои илјадници дошле да одадат почит на убиените студенти.
4ца од нив се закопани во заедничка гробница на православните гробишта во Струмица, а Белев е закопан во протестантските гробишта.
Зависта на комунистите одела дотаму што ни мртви не ги оставале младите да почиваат во мир, па и го срушеле нивниот споменик и наредиле да се направи нов кој нема да бил толку убав и поголем од тие на  нивните херои.
Сите учесници во убиството на студентите умреле во ужасни маки, а дел од нив и барале прошка за чинот кој го извршиле од страна на семејствата на убиените.

Струмичката петорка : Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и  Ѓорги Јарамов.



No comments:

Post a Comment