Tuesday, 2 March 2021

Вакцинација

 Вакцинацијата и доаѓањето на вакцините се топ тема кај нас последниве три месеци, со право, стопирањето на ова лудило наречено Ковид 19 треба да ни биде државен приоритет, не само од здраствен план, туку и од економски, поради уништената економија.


Како човек кој прележал Ковид 19 ја имав таа прилика од прва рака да го почувствувам вирусот, некој последици имам и денес, но тоа е сосема неважно, што се однесува до самите вакцини периодот е премногу краток и според мене тие се недоволно испитани и лично нема да се вакцинирам, не дека сум антиваксер колку што сметам дека овие вакцини немат никаква научна подкрепа за нивната ефикасност, делувања и дека не оставаат последици на нашето здравје.


Но ова што ќе се разлгедува е пред се политичкиот момент, односно неспособноста на нашата држава да дојде до вакцини се со цел да го имунизира населението.

Значи овде нема да дискутирам за тоа дали вакцините се полезни или не од научен план, моето мислење веќе го истакнав, туку чиста анализа на политичкиот момент.


Како држава се покажа уште еднаш дека немаме компас, кога се работи за здравјето на населението нема сојузници, тоа се покажа, нема ЕУ нема НАТО, нема пријателство, секој сака да дојде до вакцина повеќе за имунизирање на своето население, тоа го кажа најубаво хрватскиот претседател, но и сите влади кои земаа вакцини вон ЕУ програмата за да го заштитат своето население.


Кога водиш национална политика неможе да очекуваш само од твоите сојузници, мора да се потпреш на сите, да бараш повеќе алтернативи, да чукнеш на сите врати, за да дојдеш до тоа што е потребно за државата и нацијата.

Ние од старт почнавме млако, прво нашиве "лидери" чекаа на своите сојузници и не мрднаа со прст, на ЕУ и КОВАКС програма, се виде фајде од нив нема па дури сега откако изгоре млекото се решија да бараат начини да дојдат до вакцини кога веќе сите го прават или веќе го направија тоа, ставајќи не во безилзезна ситуација на работ од провалијата. Колку само немат сенс за политика е неверојатно.


Кога се работи за здравјето и интересот на државата нема сојузници, на прво место не е сојузот туку државата и нацијата, е тоа сега го научија нашите "државници" на еден многу потежок начин со многу скапа цена.


Првите дози на вакцини дојдоа од Србија, пријателски гест за кој нема да ја искоментирам политичката конотација барем не сега, бидејќи како што напишав погоре сега е најбитна држава и нацијата  па вакви гестови се добредојдени без разлика на нивната позадина.


На крај, она што мораме да го научиме како држава е : нашиот интерес секогаш треба да биде на прво место, а не интересите на сојузот, бидејќи кога сме во каша сите се борат за спас за себеси како единки а не за спас на сојузот како колектив.




No comments:

Post a Comment