Tuesday, 16 June 2020

Повик за правда, будење на народот ?

Конечно после долго време во Македонија се случи протест кој имаше смисла, организираност, цел, јасна визија, луѓе кои не се изгубени во времето и просторот ,барајќи правда.

Прв пат после 2017 година се виде духот на првичните прави и единствени Тврдокорни, организиран протест каде што луѓето се дел од организиран систем, со јасни барања, со јасна хиерархија на протест, со дрескод, со јасно скандирање, марш достоинствен и партиортски.

Сепак протестот покрај од правите екс Тврдокорни беше организиран и од останати луѓе кои не беа дел од организацијата, но ги имат прифатено нејзините начела за достоинствен протест.

Овој повик на правда беше гласен, јасен, моќен и ќе биде секако чуен од оние од власта, кои ќе мора да се преиспитат на кој начин се води судството во Македонија.

На протестот беа присутни и дежурните организатори на протести кои никогаш не собрале повеќе од 30-40 луѓе, кои организираат и протести против вакцина која не постои, па можеби доколку имат доблест и патриотизам како што тврдат, ќе се повлечат и никогаш повеќе нема да бидат дел од политичкото организирано движење кај нас, каде што тие прават само штета.


Она што треба на сите да ни биде јасно, Македонија и македонскиот народ се изморени од политиката, разочарани, но воедно тие се спремни доколку има соодветна групација, која нема да биде политичка партија, туку граѓанска организација или патриотско здружение, национална организација, водена од групација на луѓе кои нема да држат проповеди на телевизија, нема да бидат лажни месии , спасители, туку ќе бидат луѓе кои ќе делуваат како дел од народот, во сенка, но со акции и дела за спас на државата од бедата во која живее.

Народот чека и ќе биде дел од организирана борба предводена од луѓе кои не сакаат да бидат на телевизија, да се претставуваат како лидери со моќни говори, гласни пораки, туку бараат луѓе кои ќе работат на улица, во народот, со пропагадни материјали, организирани мирни протести,  кога ќе увиде дека има луѓе кои се борат за нив, а не за власт, за влез во парламент, за патни трошоци, кога ќе видат дека има луѓе и млади кои се спремни да се жртвуваат и бeз да барат привилегии за возврат, кои ќе делуваат во сенка без да го промовираат своето име, народот ќе ги следи, ќе започне со нив нова револуција, која засекогаш ќе ја промени Македонија во вистинска насока.


No comments:

Post a Comment