Friday, 29 May 2020

Имаме ли срам ?

Ех драги Македонци, сите од дното до врвот на политичката пирамида, дали ние имаме срам, дали ние имаме барем малку самопочит кон самите себе, толку ли се мразиме, па најголем душман не би ни нанел вакво зло, па и на него би му паднало жал кога ќе не гледа  што си  правиме самите на себе.


Кога ќе кажеме  дека е доста, ако ние сме никој и ништо, ако ние не се цениме самите себе, зарем немаме срам кон оние кои загинаа верувајќи во нас, кои го положија својот живот на олтарот на татковината да живееме ние денес вакви бедни како што сме, да им го зачуваме споменот како што доликува, до кога ќе се подбиваме со нив, до кога нивните убијци ќе добиваат населби, споменици, улици, училишта, додека нивните споменици ќе бидат отстранувани од страна на вандали.


Еј бре, Македонци, стоко, дали тие јунаци не вредат да го чуваме нивниот спомен, ако ние сме мизерни и не се бориме за себе, да го чуваме нивниот спомен жив и неизвалкан од нашиот кукавичлук и беда.


Денес минситерка на одбрана , првиот човек на голем дел од тие јунаци, се појавува пред олтар кој го величи УЧК, насмеана од увце до увце, ловејќи си гласови, без никаков срам и око  да и трепне за стотиците животи кои се изгубени и одземени од страна на организацијата пред чиј олтар таа гордо стоеше.


Ало војници, имате ли вие бре војничка чест, достоинство, храброст, доблест во тие униформи кои ги носите да кажете ДОСТА Е, не не понижувајте нас и споменот на нашите браќа кои загинаа во одбрана на татковината, имате ли вие исто така вакви карактеристики полицајци кои го тепате вашиот народ а не заборавајте пред не толку време вие гиневте во крвава битка против нив во одбрана на нашето Куманово.



Имаме ли срам бе, кога ќе кажеме доста е, кога ќе се кренеме на бунт против ова зло и потсмев на нашите бранители и херои кои загинаа во одбрана на нашата Македонија.



No comments:

Post a Comment