Thursday, 7 September 2017

Охридско-дебарско востание

Охридско-дебарско востание е востание кое  избувнува на територијата на западна Македонија, два месеци по завршетокот на Балканската војна и потпишувањето на Букурешкиот мировен договор.
Ова е востание организирано од страна на ВМОРО и албански чети против српската власт.
Водачи на востанието се : Милан Матов, Петар Чаулев, Павел Христов и Андон Шибаков.
По четири дена водена битка , востанието е загушено од страна на српската војска.
Ден по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, Централниот комитет на ВМОРО свикал состанок на кој било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија.

Делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов била овластена да ги посети владите на европските големи сили и во името на ЦК на ВМРО да ги претстави нивните барања. Уште од првите средби, делегацијата наишла на неподготвеност од владите за ревизија на Букурешкиот договор.
Задачите за подготовката на востанието се на Петар Чаулев, член на ЦК, Павел Христов, задграничен представник на ВМОРО, Милан Матов, Христо Атанасов, Нестор Георгиев, Антон Шибаков и други дејци и војводи во овие реони. Тие има полномошно да влезат во врска и со албанските револуционери и да преговарат со нив за општи дејстувавња. Како резултат на преговорите, кои што се водат во Елбасан, се постигнува договор помеѓу ВМОРО и Албанскиот револуционерен комитет, на чело со Сефедин Пустина, за организиране и објавуване на месно востание против српскиот режим. Решено е востанието да се објави в почетокот на октомври 1913 година.



Во Битола се концентрирала бројна српска војска и затоа Чаулев им наредил на востаниците прво да го заземат Кичево, а потоа да тргнат кон Битола. На пат за Кичево, востаничките чети се судриле со српската војска. Борбата траела два дена на 17 и 18 септември. Српските сили четири пати биле принудени да се повлечат, а востаничките позиции биле бранети од четите на Антон Шибаков и Нестор Георгиев. Меѓутоа, поради бројноста и подоброто вооружување на српската војска, востаниците биле принудени да се повлечат кон Галичица. Во меѓувреме, востаниците под команда на Чаулев, кај селото Иванчишта ги победила српските сили и на 17 септември го зазеле Кичево. Целата територија на исток од Црн Дрим и Охридското Езеро се наоѓало во рацете на востаниците.
Меѓутоа откако пристигнале дополнителни српски сили и била довлечкана артилерија, започнала српска контраофанзива. На 18 септември востаниците биле принудени да се повлечат јужно од Кичево кон Галичица, на територијата помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. На 18 и 19 септември се воделе тешки борби кај Голо Брдо. Тука како поддршка на српските сили дошле грчки војници од југ. На 19 септември селата околу Охрид биле освоени и опожарени од страна на српските чети. Србите успеале да влезат и во самиот град. Сите востанички чети, вмровски и албански, на 20 септември биле принудени да отстапат на запад од Голо Брдо. Истиот ден раководителите на ВМОРО биле информирани дека албанските чети се распуштаат и востаниците заедно со своите семејства се засолниле во Албанија. По оваа информација, Петар Чаулев дал наредба за распуштање на вмровските востанички чети и нивно трансформирање во мали единици, секоја со одделен војвода.


При задушување на востанието српските сили и чети извршиле масовно насилство и материјална штета врз населението во востанатите области. Врз основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор. Особено безмилосно дејствувале четниците на српската Народна одбрана. Од 160 учители само 10 не биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села. Во Охрид биле убиени осум свештеници, петмина учители и околу 150 бугарски државјани. Убиени се и околу 500 Турци и Албанци.

Другиот востанат регион, Дебарско, исто така бил подложен на пустошење. Градот бил речиси целосно уништен. Биле опожарени и ограбени десетина села. При одбраната на Дебар загинаа над 300 четници, а биле убиени и стотина невини жители.
Во Кичево и кичевско од страна на српските војници и чети биле убиени над 100 души македонски и албански првенци. Освен тоа како приврзаници на востаниците повеќе од 150 лица биле жестоко претепани. Како резултат на тепањето 17 од нив умреле. Во селото Пласница, Кичевско, биле убиени 46 души, а 5 куќи биле изгорени. Во селото Ѓавато се убиени над 40 лица.

На 2 декември 1913 година на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ЦК на ВМОРО организирал комеморативно собрание во чест на жртвите од востанието.


1 comment:

  1. Сакам сал да попитам какви са биле тези 150 бугарски държевяни дек са убияни во въстанието?

    ReplyDelete