Friday, 8 September 2017

Независна Македонија

На денешен ден  8 Септември 1991 година  преку граѓански референдум, Македонија прогласи независност.Сега ќе се обидам да направам моја ретроспектива на настаните , како се роди идејата, како и беше удрен темелот, и дали денес Македонија е независна целосно или делумно.

Пред балканските и првата светска војна, македонските револуционери се бореа за Автономија на Македонија во рамки на Отоманската империја.По завршетокот на балканските и првата светска војна, Македонија е поделена, а со тоа начинот на борба и делување се целосно видоизменуваат.
Така во 1919 година се реоформира ВМРО која како своја главна задача има борба за ослободување на Македонија, посебно битки водела во Вардарска Македонија.
Како татко на идејата за независна Македонија е Тодор Александров, а како човек кој оваа идеја ја прави кауза и бил првично најблизок до нејзина реализација е Ванчо Михајлов.
Ванчо Михајлов има своја визија за Македонија да е Швајцарија на балканите, со што Македонија ќе биде независна држава во која сите народности ќе уживаат еднакви права, но и еднакви обврски.

НЕЗАВИСНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА




Независна Држава Македонија (Unabhängiges Mazedonien) - 08.09.1944.
Република Македонија - 08.09.1991.
Независна Држава Македонија (Unabhängiges Mazedonien) е нереализиран политички проект на Германија, која во септември 1944 година се обиде да создаде една независна држава на целиот простор на историска Македонија. Германскиот проект требало да го спроведе Ванчо Михајлов, но, тој се откажувал од реалзацијата, бидејќи не наишол на поддршка во земјата.
Во 1934 година, по 19 – мајскиот преврат и забраната на ВМРО, лидерот на партијата Ванчо Михајлов од Бугарија се префрлил во Турција, а од таму заминал за Полска во 1938 година. Во 1940 година Михајлов се преселил во Будимпешта, а од мај 1941 година до крајот на Втората Светска Војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ и соработувал со германските воени служби. Со германските и италијанските претставници, во рамките на новата територијална поделба на Европа, тој ја разгледувал можноста за формирање на македонска држава.
Ванчо Михајлов не се откажал од идејата за создавање на Независна Македонија. Одржувал тесни контакти со Рим и Берлин, а на почетокот на 1943 година се договорил со началниците на италијанската армија за формирање на одреди кои би им помогнале во окупираниот дел од Егејска Македонија. Михајлов договорил создавање на силна оружена групација на Македонците под името „Охрана“ која потоа ја вооружуваат италијанците. Тоа е поврзано со Пиндско – македонското кнежество, на чие чело во август 1943 година, со поддршка на влијателните пријатели од Италија и роднинските врски на Балканот, бил именуван унгарско-хрватскиот аристократ грофот Ѓула Чеснеки под името Јулиус I за Голем Војвода од Македонија и Регент на Принципатот од Пинд.
Бугарските војски започнале со припремите за повлекување источно од Вардар, а на нивно место почнале да се распоредуваат германските воени единици. Сепак, Германците не се откажале од идејата. Врховниот командант на германската група армии “Е“ излегол со предлог за создавање на македонска влада, кој бил доставен до остарениот Христо Татарчев, како еден од основачите на македонското ослободително движење. Но, и овој обид останал безуспешен.
Меѓутоа, иако бугарската армија се повлекува, старата администрација предводена од поранешни дејци на ВМРО, ММТРО, МАНАПО, Васил Хаџи Кимов, Стефан Јанакиев Стефанов, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов, Димитар Чкатров со поддршка на Германците останала да функционира во градовите сѐ до влегувањето на македонската народноослободителна војска. Според некои извори, постојат индиции дека на 8 сепетмври 1944 година, по излегувањето на Бугарија од сојузот на силите на оската и преминувањето на страната на сојузниците, Германците и македонската десница го искористиле овој период за да прогласат независноста на Македонија.
По овој повод, бугарските поштенски марки биле препечатани како македонски на 8 септември 1944 година - денот на прогласувањето на новата држава. Во каталогот на поштенски марки на југословенските држави издаден во 1978 г. на 239 страница се наоѓаат марките кои се користени два месеца во ФНРЈ. Во текстот во кој се појаснува издавањето на марките стои:

„При повлекувањето на бугарските окупаторски трупи, Македонија ја окупирале германски трупи и прогласиле независност. На 8 септември 1944 година е формирана влада која постоела сѐ до 13 ноември 1944 година, односно сѐ до повлекувањето на германските трупи од ова подрачје и до ослободувањето на Скопје. Во образложението стои и тоа дека биле препечатени 26.680 комплетни серии составени по девет марки со различни вредности, а левовите се претворени во стотинки“ - пишува Киро Кипровски во текстот „Македонија на поштенски марки и во 1944 година“ (Утрински весник, 05.09.2008). Пишувајќи за случајното откритие на С. Дуковски, тој ќе посочи и на можноста од постоење на препечатени бугарски пари со истиот датум, што би значело дека е направен обид за воспоставување на платежен систем. 
(превземено од Свобода или Смърть)


Токму овој нереализиран проект е темелот кој се потавува за градење на идна независна Македонија, а не АСНОМ кој е темел за поставување и градење на Македонија како вазалска држава во рамки на идна федерација.

Не случајно току 8 Септември е избран за датум за референдум за независна Македонија


НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА 1991

Со демократизацијата на Југославија, почнуваат да се појавуваат повеќе движења ширум нејзините републики, кои се борат за отцепување на републиките од Федерацијата.
Тој тренд полека ја зафаќа и Македонија па така во 1990 година е формрана ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе се загала за независна Македонија.Како помали и речиси незабележливи движења кои се бореле за таа идеја се и МААК и ВМРО ДП.

Во Југославија веќе на силно беше присутен националниот сепаратизам, а во почетокот на 1991 година веќе беше повеќе од јасно дека Југославија каква што до тогаш беше позната ќе се распадне.
Македонија на жал во тој период беше еден од бастионите кои се бореше таа држава да опстане, па дури и во скратена рамка.Нашите политичари немаа храброст да зборат за независна Македонија, освен политичката партија ВМРО ДПМНЕ, МААК, ВМРО ДП како и уште неколку помали движење.

Така доаѓавме до парадоксални седници во собранието на СР Македонија, кога СКМ-ПДП ја бранеше југословенската химна и беше против интонирањето само на македонската химна, а голема поддршка добиваа од албанските партии (од денешна перспектива ептен иронично).
Од кога бранителите на идејата за Македонија да опстане во Југославија беа ставени во кош, конечно се воспоставија условите за референдум во Македонија за нејзина независност.

На 8 Септември 1991 симболизирајќи го 8 Септември 1944 година се одржи референдум со прашање : Дали сте за суверена и независна држава  Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија ?
Со ова референдумско прашање се излезе се со цел да се смират пројугословенските струи кои тогаш беа многу јаки.Албанците го бојкотираа овој референдум а организираа свој за Илирида 1992 година.

После ова започна осамостујувањето на Македонија кое беше потврдено од страна на собранието на 18 Септември 1991 година.
Сепак патот за осамостојување не беше лесно, поради силното присуство на воените сили на ЈНА на територија на Македонија.Македонските политичари поради својот кукавичлук дозволија се што беше вредно од македонските касарни да биде изнесено од страна на ЈНА, а тогашните југословенски лидери и старешни на ЈНА беа сигурни дека по победата во војните во Хрватска и БиХ триумфално ќе се вратат во Македонија, до тоа никогаш не дојде.

Иако Македонија изгласи независност, сепак нејзините политичари во огромен дел не можеа да се навикнат дека се лидери на суверена и самостојна држава, па сеуште чекаа инструкции за Белград за сите сериозни прашања поврзани со Македонија.
Тука се и плановите на ЈНА заедно со грчката армија за поделба на Македонија, планови кои беа откриени од турските тајни служби,  а биле одбиени од грчката армија и држава.
Оние кои сакаа да ја делат Македонија преку своите удбашки конекции ја владеат Македонија за жал сеуште.

Денес нас ни престои сериозна борба против удбашките инсталации во Македонија, се со цел Македонија да биде целосно независна, да се води само од свои интереси, за да биде силна и просперитетна држава.

ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !!!!


1 comment:

  1. Пиндско – македонското кнежество ми е некако многу антички термин, мада некако многу касно им дојде идејата за НДМ, требало бар 41ва најкасно, вака во 44та касно ептен.

    ReplyDelete