Случајно или не, Вејце и Диво Насеље се датумски многу блиски, и ни покажаа една жална вистина, за слaвните херои кои јуначки загинаа, а ние сите ги заборавивме.
Херои од нашето време, од нашето живеење, наши пријатели, соседи, бранители, колеги се тотално заборавени.Нивниот спомен не беше одбележен достоинствено, можеби освен во Битола од каде доаѓаа повеќето загинати во масакрот во Вејце.
На Вејце се појавија само од Политичката партија Достоинство, партија која сеуште повеќе ја доживуваме како здружение на бранители што треба и да е, а не како политички субјект.Само тие отидоа и оставија букет цвеќе и запалија свеќа, за спомен.Плочата која неколку пати е кршена за спомен на хероите, кој знае дали уште стои.
Диво Насеље иста приказна, никаква манифестација во чест на оние кои ги положија животите за наша одбрана, оние кои се жртвуваа себеси, кои оставија дома семејства завени во црно.
Диво Насење кога во одбрана на Македонија загинаа Македонци , Срби, Албанец, рамо до рамо како браќа чувајќи ја својата земја, наместо како симбол на обединување, ние не го ни одбележуваме.
Колку вредиме ние како народ, кога не ги славиме хероите од нашето време ?
Кризата не може да биде изговор, нашите предци живееле во многу многу потешки услови, во ропство, но никогаш не го заборавиле споменот на хероите од нивното време, ги славеле достоинствено, ни ги оставија како аманет да ги славиме и ние денес.
И оние кои ја бранат државата на улица, и јаките парламентарци во собрание, и патриотите од сите политички партии, и опозицијата која стана власт, сите заборавија на нив.
А доколку тие не паднеа, никој од нив немаше да има свој дом, своја држава, а посебно кај пратениците нивните превисоки плати.
Се случи убиство на куче, сите плачеа по кучето, дигнаа револуција, бараа осуда за убиството и доживотен затвор за сторителот, а истите тие кои ги убиваа бранителите, истите тие кои сакаа да ги убијат нив, ги гледат во собраниските клупи како одлучуват за нивната иднина.
Дали вреди да се бориш за држава во која сите ја забораваат твојата жртва ?
Каде оди ова општество, кога убиецот на куче е поголем злосторник од нарачател на масакр ??
No comments:
Post a Comment