Во 1941 година структури на ВМРО се возобновуваат во градовите и селата.
Тие дејствуваат како паравоени единици со цел борба против комунистичката пропаганда и партизани во Македонија.
Првата контрачета е формирана во Велешко од страна на Пано Манев.
Исто така како попознати контрачети во тој период се кумановската на војводата Крсто Лазаров, кратовската на Мите Опилски, кавадаречката на Атанас Калчев, кочанската на Димитар Медаров, контрачетата во село Муртино предводена од Дончо Алаџов, новоселската (струмичко) од Атанас Нушката, во Василево на чело со Минчо Калпаков, во Иственик на чело со Спиро Геогриев.
Вреди да се напомене дека и Стерјо Гулев, син на војводата Питу Гули бил дел од контрачетите.
На територијата на Македонија дејствувале 200 контрачети.
По доаѓањето на комунистичките власти, голем дел од контрачетниците биле стрелани, меѓу кои е и славниот кумановски војвода Крсто Лазаров.
(слика од контрачетници на ВМРО)
No comments:
Post a Comment