Sunday 9 July 2023

Ако опстоиме - ќе постоиме !

МПЦ-ОА како институција која е една од најзначаните за Македонецот конечно после речиси 30 години пасивност во постоењето на македонската држава,  направи потег против естаблишментот за заштита на својот верен народ, излезе против законот за родова еднаквост и матична евиденција кои немаат ништо со нормалното, научното, религиозното.


Самиот протест беше медиумски крајно цензуриран, а самата Влада го почуствува како опасност па на секој начин сакаше да го минира, ЛГБТП организциите оние кои присуствуваа ги нарекоа христо-фашисти (благодариме на комплиментот) навредувајќи ги и покажува кој навистина е опседнат со омраза и нетрпение кон другиот.


Пораките од самиот настан беа преумерени, но тоа е очекувано од институција како црквата, сепак радува бројот на присутни посебно знаејќи колку народ изгубивме последните 10 години, ова дава светлост и надеж, но сепак црквата треба да биде поактивна , со повеќе трибини, повеќе протести и активности, бидејќи другата страна не спие и нема да мирува.


Црквата историски била најзначајна институција во речиси сите историски процеси на Македонецот, нека и овој пат ова активирање на црквата политички меѓу сопствениот народ означува почеток на ново воздигнување на Македонецот, едукативно и културно а најважно од се борбено за Македонија.

 





No comments:

Post a Comment