Thursday, 9 March 2023

McDonald's младина

 Една младина е иднината на една нација , многу често знам да прочитам како македонската младина била паметна, напредна, па затоа не трпела тиранија, всушност на жал нашата младина е тотално безвредна, најдолна во историјата, нашата младина е една безвредна McDonald's  младина која ќе ја уништи сопствената држава, својата традиција, својата Македонија.


Способна младина не е онаа младина која ќе избега од сопствената држава за да биде роб на западот, способната младина не бега од својот дом, способната младина е онаа која ја гради својата држава, која го издига својот народ, кои ја испишуваат својата сопствена историја и оставаа гордост на идните поколенија.


Си беше една младина која се изроди во втората половина на 19ти век, младина која беше дел од народ кој веќе навлегуваше во петтиот век на сопственото ропство, која немаше надеж, немаше иднина, народ длабоко покорен и оставен самиот на себе, изморен, без сон, без живот, но тогаш се изроди една младина која ќе реши се тоа да го смени, тогаш се роди младина која рече дека е доста , младина која се образуваше, младина која влегуваше во секое населено место во Македонија, спремајќи го народот за револуција, му даде надеж, му даде сон, му даде гордост, младина која испиша со својата храброст историја, историјата која денес не прави горди, историја која секој ден е околу нас, на улицата по која одиме а носи нивно име, по спомениците од нив кои се во секој наш град, нема како денес да бидеме во Македонија, а без да ги видиме плодовите на способоноста на таа младина, родена во втората половина на 19ти век која крајот на тој век и се до крајот на првата половина на 20ти век се бореше за независна Македонија, која тресеше империи, која го издигна востанието кое е темелот на нашата слобода.


Младина која позади себе го имала истоштениот народ, која за противник ја имала империјата која со векови била најголема империја во светот, а никогаш не размислувала за емиграција, туку само за борба, само за слобода, бидејќи како што напоменувале во своите писма, какво што било нивното гесло : За Македонецот нема друго место освен Македонија, бидејќи борбата за неа е вечна и е втемелена во нашата крвна линија.

Младина со најголемиот противник кој речиси и бил непобедлив, но тоа не било важно, таа младина сонувала иднина за генерациите по нив, се жртвувала за возвишена идеја која треба да биде сонцето кое силно свети на идните поколенија.


А каква е денешната младина, денешните поколенија, денешните Македонци кои ја добија слободата благодарејќи на таа младина која иако живеела во најтешки времиња, во ропство зела и се борела за сопствената татковина без да се жалат самите себе.


Е денешната младина самата себе се смета за паметна па поради тоа ја напуштала државата, а државата е нивна, нешто за кое младината тогаш гинела да го има, тие денес на секој четири години одлучуваат со пенакло кој ќе е на власт, таа младина која сами си бира кој ќе ја води наспроти онаа која имала над себе империја која никогаш ниту ја одбрале, ниту ја сакале, денешната власт младината во Македонија ја бира сама, денешните политичари ги создава таа, секогаш ја има опцијата да се бори на улица без да ја жртвува својата младост, својата иднина, но таа младина ниту има интелигенција, ниту храброст, ниту вредност, таа е безвредна McDonald's  младина.


Денешната младина бега и се бори за виза во McDonald's , нејзиниот сон не е градење на иднина, туку фритези каде пржат компир, џогер со кој го чистат објкетот, таа младина не сонува да биде слободна и да гради држава, таа младина сонува да биде роб, да биде слуга на западниот свет, бидејќи за повеќе ниту е способна ниту кадарна, но тоа таа го претставува како победа дека избегала од системот кои тие самите го изградиле.


Оваа младина бега од Македонија по секоја цена како круна на својата неспособност, живее во соби во кои нема никакви човечки достојни услови за живот, дури во македонски затвори има подобар животен простор од тоа каде што се тие, работат во смени во кои се крајно експлатирани, повеќето од половина ден го поминуваат поврзани со работа, немаат никаква социјална активност, единствено нешто што иако не признаваат ги оддржува во живот е нивното враќање на одмор во Македонија.


А на тој одмор во Македонија, пиење кафиња секој ден, изминување на сите кафани,  млечни ресторанти, јадат ко да нема утре ден, претворени во свињи наместо во луѓе, живеат на максимум затоа што се тие единствените денови кога имаат слобода, а тоа е важното за човекот, слободата, домот, во меѓувреме само го фалат својот избор како парите се важни , за друго нема што да зборат дека и немаат, стално ја напаѓаат татковината за тоа што тие ја довеле со својот кукавичлук и избор да биде таму каде што е.


Затоа никој не смее ни да се осуди да помисли, а не да ја фали оваа младина, а нас освестените редно е наместо со пишување да преминеме во борба, да ставиме крај на тоа да бидеме дел McDonald's  генерации, туку да се избориме за нашата држава, да бидеме дел од истата младина која се створила во втората половина на 19ти век, младина на освестени луѓе, националисти, патриоти, родољубци кои живеат за Македонија,  како нив и нашите бранители од воените конфликти во наше време да умираме на уста изикувајќи го нејзинито пресвето име МАКЕДОНИЈА !





No comments:

Post a Comment