Со оглед дека блогот не беше активен со неговото активирање прва тема која ќе биде обработена е Ерменија, ерменскиот народ и неговата борба во регионот Арцах, вековна ерменска територија со голема симболика за Ерменците како народ.
За прво да објасниме како дојде до оваа ситуација треба да се вратиме во времето на најмрачната , најзлосторничката идеологија која и ден денес го дели човештвото а тоа е комунизмот, тоа зло поголемо и од самиот ѓавол, со одлука на СССР во име на некакво братство и единство територијата на Арцак се одделува од Ерменија и се предава на Азербеџан.
Во 1989 со распадот на СССР ерменскиот народ пружа отпор на тоа нивната вековна територија и нивните вековни огништа паднат во рацете на муслиманскиот џган па започнуваат борба за нивна слобода, за Република Арцах, во која на крајот успеваат и победуваат.
Она што е најважно во оваа победа е што ја остваруваат сами, со својата храброст, своето срце, нивната борбеност која успева да се спротистави на муслиманскиот џган и да го брка дури безмалку до Баку.
Нештата по војната се менуваат, Азербеџан користејќи ги своите ресурси успева да стекне огромно богатство и вложува постојано во својата армија, додека Арцах стагнира поради тоа што не е меѓународно признаета и е предел во кој и нема како да се инвестира и развива економски.
Азерите се вооружуваат со години и очекуваат момент да нападнат, имаа неколку напади каде што беа одбиени за да дојде последната војна, користејќи ја предавничката влада во Ерменија, идеален момент за со својата воена огромна надмоќност се прошетат.
Сепак едно нешто не очекуваа, храброста на Еремнскиот народ во Арцах, кој се мобилизираше и доста успешно ги бранеше позициите, жртвувајќи се за својата слобода, поголемиот број од загинатите беа од генерациите 2000-2002, додека кај нас овие генерации се тотално изгубени.
Храброста на жал денес не ги добива војните а кога Турција увиде какви кукавици се Азерите директно се вклучи во војната и со своите воени сили , ангажирање на исламисти од Сирија, по што се случи пресврт на военото поле, луѓето на Арцак не ја добија потребната поддршка од предавничката влада во Еремнија, а не добија поддршка ни од "братска" Русија, најголемото зло за православието и христијанството воопшто.
Ерменците во Арцах беа оставени сами борејќи се против муслиманските хорди, не добивајќи никаква поддршка од друга земја, добија морална од нас и останати православни народи, иако за волја на вистината Еременците не се православни туку монофизити, но освен тоа учење не се разликуваме во ништо друго и сме браќа.
На крајот од војната Русија изготви договор во корист на Азерите и сојузнички застана зад нив, забивајќи нож во грб на храбриот ерменски народ во Арцах.
Изговорот дека владата во Ерменија е предавничка на русофилите (болната секта) кај нас е смешна, народот од Арцах нема допирни точки со властите во Еремнија, освен тоа што се Ерменци, но тоа не ги спречи Русите за свој лични интереси да ги предадат.
Додека кај нас молчевме за името, во Ерменија се крена револуција каде што ерменскиот народ спремен и воинствен бараше продолжување на војната со директно вклучување на Еремнија, одење на се или ништо, а допрва ќе има разрешавање на ситуацијата во Еремнија.
Како краен победник од војната е Русија која по кој знае кој пат тргуваше со христијансктие животи за да ги оствари своите лични цели.
Она што најмногу ме радува е обединувањето на сите Македонци, патриоти, националисти, навивачи кои дадоа силна поддршка на Ерменија и народот таму.
Македонците и Ерменците заедно делуваа во време на Отоманската империја, нашите револуционерни движења беа тесно поврзани, делуваа заедно, а многу Еремнци се жртвуваа за слободата на Македонија.
На крајот од војната Еременците мораа да напуштат свои огништа но тие ги палеа своите домови , куќи, имоти, покажувајќи гордост, национална гордост која ја има ретко кој народ, не дозволувајќи муслиманското племе да ги поседуа нивните имоти.
ВЕЧНА СЛАВА НА СИТЕ ЗАГИНАТИ ЗА АРЦАХ !
АРЦАХ Е ЕРМЕНИЈА !
This comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDelete