Tuesday, 9 July 2019

Кога државата ја бранат малолетници (деца) !

Сите се чудат како дојде до ова дереџе, сите сметаат дека оваа Влада ги предала сите национални интереси, дека името , химната ги губиме сега, не , ние не ги изгубивме сега, туку ги изгубивме денот кога државата ја бранеа само деца од злото.

И јас во тој период  самиот бев што се вели дете (средношколец) па така не носам никакво чуство на вина, напротив на гордост дека сум бил дел од генерации кои како деца се бореле за спас на државата, додека оние кои требаа да се борат седеа на фотељи, гледаа телевизија и се ситеа на глетката.

Годината е 2013 , а за министер за одбрана се поставува човек кој бил еден од највлијателните команданти на воена формација која војуваше против оваа држава, човек кој наредувал убиства , атентати врз истата армија, човек кој се борел да ја згасне оваа држава, тоа поминува како ништо.


Настанува општа мобилизација помеѓу младите, т.е. децата, оние кои изгледа се единствени со чисти срца и души во оваа држава од погани луѓе извалкани од комунизам, удба, од користољубие, единствени кои имаат нешто кое значи љубов за државата а не желба да се земе и украде од неа.

Изглегоа на улица да ја бранат својата армија, да ги бранат бранителите, од поставувањето за министер на човек кој има јасни идеолошки цели во кои е спремен и да ги убие на нив, но наместо поддршка од полицијата која лично беше засегната, посебно од оние кои биле на военото жариште поради кој тие деца беа на улица, од нив добија масовен ќотек, искршени коски, газење по улици, апсења, драконски казни, судења, во одбрана на тој, на командантот кој ги убиваше.

Да нашиве полицајци тепаа деца кои беа таму за нивно добро, бранејќи го својот џелат.



Па добро зарем тогаш не ви беше јасно дека ја изгубивме државата, кога оние кои требаше да бидат таму беа во своите удобни домови, додека деца, наивни со чисти срца и души влегоа во бој да ја бранат државата од злото кое денес не владее.

А што можеме да очекуваме од држава која единствени кои ја брaнат се деца, а мажите седат дома ?


Тие деца таа 2013 се исти како децата од Унгарската револуција 1956, но со една мала разлика, овие деца, македонскиве, ќе имаат своја шанса за РЕВАНШ.

Сеуште трае процесот на созревање, дел од нив веќе го напуштија родното огниште а тие што останаа ќе имаат долг и трнлив пат за одење, за да си ја вратат државата кои ја изгубија, а не можеа да ја одбранат бидејќи беа само едни млади и наивни деца.


2 comments:

  1. Toj Den Kje Ostane Zapameten Kako Sramen Poraz Na Samata Drzava,Gi Branevme Za Da Ne Tepaat,Zname Im Zapalivme Za sega U Kabinet Da Go Stavat !!
    Zatoa Ne Nema Vekje..Zatoa Penzionerite Branat So Kokodakanje..Pozdrav do Site Koi Branevme Toj den i se nadevam deka ste Dobro.I deka bolkata pretrpena toj den Sepak Za Nesto vredese.Kobra

    ReplyDelete
  2. Ako si toj kobra sto mislam pozdrav za tebe i za starite dobri vreminja. Pozdrav Ptt crew-sk !

    ReplyDelete