Friday, 25 January 2019

Северна Македонија

Со позитивното гласање денес во грчкиот парламент, денес ние добивме нова држава Република Северна Македонија.

Ова нова државата е суштински многу значајно, бидејќи државата на која се повикувавме во контиунитет од 2ри Август 1944 па до денес, повеќе не постои.

Искрено според мене таа држава е голем дел од проблемот а не решение, но сепак замислувањето на нова држава Македонија не ми беше во таков стил каква што ќе е од денес, поточно од 15 Февруари.


Самата промена на името на државата не значи нова држава, но со новиот устав одредбите во него, начинот на кои тие ќе се спроведуваат, добивме граѓанска држава во стилот на аперхејд, во која една народност со 20 % (можеби и помалку, можеби и повеќе) ќе ги владее сите останати.

Но сепак нема ништо лошо во тоа, ако тоа потикне будење на заспаните патроти и националисти, кои нема да бидат квази, туку суштински, кои нема да живеат во интернет светот, туку во реалноста и ќе се активни на улица.

Новата држава е против нас, а ние ќе мора да се избориме против неа, доколку сакаме да си бидеме свои на своето, а не туѓи во нашата татковина.

No comments:

Post a Comment